Даночната пријава ја поднесе во Мордовија, каде што е регистриран како самовработен бизнисмен. Заради оваа ставка стандардниот данок за Депардје е намален од 13 на 6%. Оваа ставка важи само за бизнисмени со годишни приходи под 1,2 милиони евра.
Планот на актерот е да инвестира во Русија и да отвори ресторан и центар за уметност во Саранск, главниот град на Мордовија, кој го нема посетено повеќе од една година.
Во периодот додека има руски пасош, Депардје се има појавено во руски ситком, реклама за банка, го глумеше Распутин во филм, и сними филм со Лиз Харли. Од неактерските работи, тој промовираше и линија на швајцарски часовници од швајцарскиот производител Cvstos, под слоганот "Горд да бидеш Русин."
Откако Оланд ги најави промените за данок од 75% на сите приходи над 1 милион евра, Депардје си замина од Франција во Белгија. Потоа доби понуда и пасош од Путин, заради што Белгија ја замени за Русија.