Џокерот на Капело ја спаси Русија од пораз

Репрезентациите на Русија и Јужна Кореја го комплетираа првото коло од 20 Светско првенство во Бразил со конечни 1:1.

Група Х

Русија - Јужна Кореја 1:1
Кержаков 77` -  Кеон-Хо Ли 68` 

Селекцијата предводена од италијанскиот стратег Фабио Капело не ја оправда улогата на фаворит на овој натпревар и се најде во ситуација да се спасува од пораз. Јужнокорејците поведоа со голот на Кеон Хо Ли во 68 минута, откако голманот Акимфеев реагираше несмасно. Русите стигнаа до израмнување преку нововлезениот Кержаков кој ги постави конечните 1:1 по само 6 минути игра.  



18 јуни 2014 - 09:38