Претседателот на Украинската фудбалска федерација, Анатоли Конков преку писмо им се обрати на двете водечки фудбалска тела со образложение дека колегите од Русија постапиле незаконски.
„Извршниот одбор на Руската фудбалска унија нелегално ги припои украинските клубови од полуостровот Крим без да ги известат УЕФА и ФИФА, а тоа се коси со вашите прописи. Како претседател на украинската фудбалска федерација барам да преземете сè што е во ваша должност и да ги санкционирате тие што ги прекршија правилата “, вели Конков.
Минатиот месец Севастопол, Симферопол и Жемчужина станаа дел од третата дивизија во руската лига, а нивното функционирање почна од нула со нова регистрација и нови имиња во јужните руски градови Краснодар и Ростов на Дон.
Конков потенцираше дека Крим е дел од украинската територија и сите фудбалски субјекти се во нивна надлежност.