Актуелната политичка состојба во Украина ја ремети спортската ситуација во оваа земја. Откако ФИБА, реши да им ја одземе организацијата на ЕП поради воениот конфликт, сега и фудбалските раководители имаат слична мака.
Откако Крим по 60 години под Украина, се одвои на реферeндум и се соедини со Русија, дури 5 клубови решија да играат во првенствата организирани од руската фудбалска унија.
Таврија од Симферопол и Севастопол се клубови кои сè уште играат во украинската прва лига, но како што вели Толцик, извесно е дека од годинава овие два клуба ќе бидат дел од руската лига.
„Процедурата е започната. Да ги средиме сите документи и сите заинтересирани клубови од Украина ќе може да играат во лигите организирани од руската фудбалска унија" – изјавил Толцик, по што ги разбрани ФИФА и УЕФА, кои сигурно би се противеле на таквата одлука.
Во меѓувреме реагираа и од украинската фудбалска федерација, каде велат дека Русија нема право да регистрира клубови и играчи од нивна територија.
Руското национално првенство почнува на 1. август, а украинското стартуваше минатиот викенд. Пред осум дена во Украина се одигра финалето од Супер Купот на кое Шахтар Доњецк славеше над Динамо Киев со 2:0, но имаше многу проблеми со составувањето на тимот.