90-те милиони се дадени за 2 километра пат од три ленти, кој ја спојува Москва со еден владин комплекс на куќи во близна на градот. Според активистите кои ја открија измамата, цената е околу 10 пати повисока од официјалната цена за изградба на автопат во Америка.
Уште една споредба што е направена, цената на автопатот е околу 16% повисока од вкупната сума што Кремљ мината година ја потроши на проекти поврзани со СИДА (процената е дека во Русија има околу 1,3 милиони ХИВ позитивни, најголем број надвор од Африка и Индија).
"Ова не е изградба на пат во тундра или на планина. Ова не е изградба на улица во град каде што треба да рушиш куќи и да купуваш земјиште. Ова се обични две ленти во близина на Москва," изјавил лидерот на опозицијата, Алексеј Навални.
За потребите на Сочи 2014-та, за 9 милијарди долари беа изградени околу 50 километри автопат, што е околу 4 чати поскапо од проектот на НАСА за испраќање на Кјуриосити на Месечината. Рускиот Ескваер тогаш пресмета дека за овие пари автопатот би можел да биде покриен со 6 сантиметри слој од тартуфи или 1 сантиметар слој од црн кавијар.
Додека беше претседател (2008 - 2012) Медведев призна дека Русија годишно губи околу 33 милијарди долар на мито за државните органи. Според независни извори ова е поблиску до 300 милијарди долари.
Инаку, Навални тврди дека тој заедно со неговиот тим на адвокати успеал да поништи десетици владини тендери со што на државата и спасил околу 1 милијарда долари. Во еден од тендерите што тие го поништиле, властите на Санкт Петербург нарачале бунди од визон во вредност од 60.000 долари - кои биле наменети за пациентите на една психијатриска болница.