Таг: русија

Работнички за историја и за клупската каса

По скопските 1-1 на Филип Втори, Работнички попладнево од 18:00 часот (пренос МТВ) ќе го игра реваншот против рускиот Рубин во Казан. Играчите спремни да направат нов подвиг.

Русија во битка до последното парче кашкавал

Во Москва е уапсена банда од 6 луѓе заради поседување и производство на 30 милиони долари вредна залиха на фалсификуван увозен кашкавал чедар.

Суспензија од ФИБА, Русија не игра на Европско?

Светската кошаркарска федерација ги суспендираше руските национални кошаркарски селекции од сите меѓународни натпреварувања, изјави членот на ФИБА Сергеј Чернов.

Кога Хулк дува торта

Забавата на сметка на физичката сила на Бразилецот од Зенит продолжува. Во најновата епизода Аршавин му носи торта со свеќички за роденденот.

Што направи Фабио Капело за Русија

На искусниот италијански стратег по три години поминати како селектор на Русија денеска му е врачен отказ. Тоа воопшто не треба да го разочара, бидејќи ќе добие оштета од 15 милиони евра.

Путин, упростенo

Три седмици пред првата изборна победа на рускиот Претседател Владимир Путин, неговиот штаб ја објави книгата "Во прво лице: Разговори со Владимир Путин" базирана на 24-часовни интервјуа со три новинари. Со изјави како "животот стварно е проста работа," книгата открива клучно уверување кое ќе биде водилка во владеењето на Путин: едноставноста може и мора да биде наметната на комплексниот свет.

Запознајте го Борис Гребеншиков, рускиот Боб Дилан

Комбинација на рокенрол ѕвезда и поетски бард, Гребеншиков бил еден од оние кои во времето на СССР свирел „западна" музика со откачени стихови полни сатира и мистицизам. Деновиве има концерти во САД, по повод новиот албум кој зборува за современа Русија и конфликтот во Украина.

Лежи лебу, Капело да те јаде

По некои пратеници во руската Дума, сега и навивачите на Русија бараат Фабио Капело да си поднесе оставка, особено после поразот од Австрија 0-1 на домашен терен во неделата. Решени се да собираат пари за да се раскине договорот со Италијанецот.

Русија забранува антифашистичка книга заради кукаст крст на насловна

Руските книжарници, во пресрет на одбележувањето на 70-годишнината од победата над фашизмот, од своите рафтови и сајтови отстрануваат антологиски графички роман кој зборува за ужасите на холокаустот. Причина: имало кукаст крст на насловната.

Русија забрани мемиња?

Проширувањето на еден закон технички им забранува на веб страните да исмејуваат кого било во Русија. Од овие сите, руската влада би ја интересирале само тие што би исмејувале познати личности (вклучително политичари).

Бугарски борач на руски тенк во Калифорнија

Бугаринот Александар Русев го шокираше стадионот Врестл Манија во Калифорнија, кога пред борбата за светската титула против Џон Чена влезе со руски тенк. Во позадина одеше руската химна и се виореа руски знамиња.

Халк на класен час во школо

Малиот Андреј Михно е 5-одделенец од Санкт Петербург. Решил да прати писмо до клубот Зенит во кое пишал дека сака да го запознае Бразилецот Халк. По две недели, додека му беше досадно на час, на врата се појави најдобриот фудбалер на екипата.

Џеко е најголема ѕвезда на Црна Гора

Во пресрет на квалификациските мечеви за ЕП 2016 кои почнуваат во петок, руските репрезентативци требало да отворат Википедија со инфо за фудбалската репрезентација на Црна Гора.

Кант е идиот

Русија е баш чудна земја - додека светот жолчно се расправа за актуелни политички настани и ликови, тие се фаќаат за пиштол за филозофски дела, и за тоа дали прозата е подобра од поезијата. Најново е што некој го искажал своето мислење за големиот германски филозоф, на ѕид од неговата родна куќа, којашто се распаѓа.

Зошто на Русите им е лесно да веруваат дека Чеченец го убил Немцов

Неофицијалниот назив е "чеченско судење" и во него руските обвинители изненадувачки лесно можат да ја постават следната логиката: во која било руска политичка криза, идентификувај го инцидентот, изолирај го инцидентот, и обвини ги Чечените.

Книжевните референци на албумот „Одбрана и последни денови"

Албумот на Идоли беше објавен 1982 и до денес остана еден од антологиските кога се зборува за музиката на бившите југословенски простори. Со него се поврзани најмалку двајца писатели, едниот поочигледен, другиот малку затскриен. Андрија Шкаре на сајтот Букса зборува за Влада, „Русија" и книжевната петокрака на нејзиното чело.

Насилна педагошка мерка

И покрај тоа што го мамеше судијата, Мексиканецот вчера ни беше симпатичен и се смеевме, ама ова Русинов не е воопшто за ваков занает, особено не со деца.

Последното интервју на Борис Немцов

Простото извлекување паралели е една мрзлива дисциплина која може да доведе до велелепно глупави заклучоци. Па сепак, морничав е впечатокот во какви слични наративи е заплеткан овој наш дел на светот. Последното интервју на Борис Немцов за полското издание на Њузвик, пред оние четири кукавички куршуми да го спречат да види дали неговите идеи за Русија ќе се остварат или ќе пропаднат.

Како изгледа модерна пропагандна машина

Петар Померантсев на 24 години се наоѓа на состанок во Москва со 20-те најголеми медиумски директори во Русија, каде дискутираат за планот за вести за следната недела. Померантсев искуството го пишува во книгата "Ништо не е вистина и се' е возможно," која "опишува свет во кој законите се менуваат во момент по желба на моќните и каде телевизијата дава сеприсутна, забавна и емотивно набиена дисторзија на реалноста."

Путиновиот пат

Пролет 2012-та, Путин влегува во Кремљ за да го започне својот трет мандат како претседател на Русија, "неверојатно патување од невработен шпион до современ цар."

Непријателот на мојот непријател е Аргентина

Затоа што Русија е малку тенка со храна по контра-санкциите против Западот, таа сега бара нови пазари од каде што може да увезе. Затоа што Аргентина има вишок храна, се договараат со нив. Затоа што Британија е еден од главните поддржувачи на санкциите, Русите се решаваат аргентинската храна да ја платат со Сухои, чисто заради Фокландите.

Зошто рубљата колабира

Во рок од 24 часа вредноста на рубљата падна за околу 19% што е најголемиот пад во последните 16 години (од времето пред појавувањето на Путин). Сега Русите гледаат на секој начин што можат да ги потрошат парите на некоја скапа стока или да ги заменат за странска валута.

Карма по глава на морон

Некогаш кармата делува чисто превентивно, па ја испорачува својата пратка пред воопшто да направиш нешто. Нешто како Малцински извештај, ама за карма.

„Левијатан" (2014)

Има две работи кои можат да помогнат во толкувањето на овој филм: истоименото дело на Томас Хобс, библиската приказна за Јов и митолошката слика за Левијатанот. Но и без ништо од сето ова, трагичната приказна за беспомошноста на малиот човек пред корумпираното и аморално чудовиште од систем не може а да не ве допре.