Тврдењето се базира на првичните резултати од тестирањето во 3-та фаза, а според нив Спутник вакцината има ефикасност „над 95%“ што е повеќе од сите досегашни западни вакцини.
Примероците од крв на пациенти што ја имаат прележано болеста и закрепнале, покажале „долготрајна имунитетна реакција“, пишува Њујорк тајмс во текстот за истражувањето на Универзитетот Аризона во Тусон.
Оваа недела излегоа до сега најоптимистичките вести за развојот на вакцина против коронавирусот, на компанијата Модерна, која покажала изненадувачки 94.5% ефикасност во прелиминарните тестирања. Но еден детал стана главен „зачин“ во целата приказна.
Прво казните беа воведени, па потоа ставени на пауза заради страв дека можеби не се фер, па сега пак вратени откако бројот на заразени од ковид-19 ја надмина фазата кога луѓето стравуваат за фер и нефер казни.
Откритието на научниците од Универзитетот во Кардиф е дека средството за плакнење уста (mouthwash) што содржи 0,07% цетилридиниум хлорид го убива коронавирусот во рок од 30 секунди.
Зошто еден 40-годишен пациент е хоспитализиран со тешки симптоми, а друг не треба да оди ни на преглед. Постоечките болести, возраста и дебелината се дел од објаснувањето, но не и кога пациентите имаат слична возраст, минато и медицинска историја.
Германија ги поздрави своите „херои“ кои сето ова време беспоштедно останале дома како мрзи, дополнително охрабрувајќи си сите останати граѓани да го прават тоа што се очекува од нив: „апсолутно ништо“.
Пакетот прослави на Божиќ и Нова година годинава ќе биде прескокнат во Москва заради рекордниот број на заразени со коронавирус во последниве недели, соопшти градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
Една од ретките светли вести периодов беше дека првичните тестови на новата вакцина на Фајзер и Биоентеч дале многу добри резултати. И ова е важно, затоа што евентуално успешна вакцина е спасителот што го чека планетава. Меѓутоа во самата вест некои работи беа претерани, некои потценети.
Целта на тестот во декември е да се провери состојбата во земјата и дали владата може да ги олесни рестрикциите воведени заради пандемијата, изјавил премиерот Игор Матович.
Минатата недела повеќе од половина од сите заразени од ковид-19 во светот беа од Европа, заради што лидерите низ континентот се редеа на националните телевизии и со обесен поглед најавуваа дека нивните држави за жал ќе мора повторно да одат под клуч. Ова се истите лидери кои пред 6 месеци најавуваат дека во октомври и ноември ќе биде најлошо, и пак останаа изненадени.
Стратегијата за борба против ковид-19 која се базира на имунитет на стадо е „опасна заблуда која не е поддржана од научни докази“, се наведува во предупредувачкото писмо потпишано од 80 меѓународни научници.
Жителите на Париз и уште осум други градови ќе мора да седат дома секој ден во следните 4 недели од 21:00 до 6:00 наутро, откако само денес во Франција беа потврдени 22.951 нов случај на ковид-19.
На богатите држави им е потребно само да профункционира вакцината против ковид-19, за тие да почнат да се приближуваат на нормалата од пред пандемијата, смета Бил Гејтс.
Дури и ефикасна вакцина нема да биде доволна за повторно воведување на „нормален живот“ и луѓето треба да бидат пореални за тоа што и кога може да постигне вакцината, препорачува група водечки британски научници.
Има добра причина за бележење на оправданите и неоправданите изостаноци од школо - самото присуство на час е дел од образовниот процес но и од социјализацијата која ја овозможува училиштето. Бројот на ученици е и основата за тоа колку вработени се потребни во училиштата и како е организирана наставата во нив. Што е со сето ова во ситуација на онлајн настава?
Кој може да работи од дома, пабовите да затвораат во 10 часот, забрана за сите тимски спортови на затворено и дополнителни ограничувања на свадбите, се дел од новите мерки за борба против ковид-19 кои ги објави Борис Џонсон „во време кога Британија е пред опасна точка на пресврт“.
„Танцувачки носачи на сандаци“ се група талентирани мажи од регионот на Акра во јужна Гана, кои можат да организираат два вида погреб - сериозен и „шизички“. Вториов подразбира многу играње и екстравагантна гардероба.
Некако има логика. Толку стравови и ужаси си видел на филм што си создал „имунитет“ на страв. Пандемијата во однос на сцени од Kрипшоу (1, 2 и 3) изгледа како Дизни.
„Нужноста е мајка на креативноста“, вели старата мудра изрека. Во раните 1830-ти колерата си го нашла патот до Лондон. А таму еден човек решил да стори нешто во врска со ширењето на епидемијата. Визуелизирајќи податоци.
Главниот германски институт задолжен за пофаќање на проблемите со ковид-19, го збриша од својот сајт сопствениот документ во кој тврдеше дека есенва ќе имаат вакцина за ковид-19. Истражувањето било објавено по грешка.
Поранешната советска република ветува дека ќе му плати 3.000 долари на секој турист кој ќе дојде на одмор во земјата и не дај боже ќе се зарази со коронавирус додека е таму.