Почнувајќи од четврток на полноќ цел Мелбурн се затвора, а жителите на вториот по големина град во Австралија ќе смеат да излезат од дома само за да одат на работа, до продавница, ако се грижат за некое лице или за да вежбаат. Мерките се воведуваат откако 6,4-милионската сојузна држава Викторија во вторникот имаше рекордни 191 нов случај.