Се работи за први луѓе на енергетски конгломерати, милијардери тајкуни и владини претставници кои уште во април почнале да примаат инјекции изработени од државниот Гамалеја институт од Москва.
Изворите што ги пренесува Блумберг објаснуваат дека програмата со која елитите добиле можност да волонтираат за дози од експерименталната вакцина е легална но не се разгласува многу за да се избегне преплавување од потенцијални учесници.
За сега се знае дека пациентите се вакцинираат (потребни се две инјекции за стартување на имунитетниот одговор) на клиника во Москва поврзана со институтот.
Гамалеја вакцината, финансирана од државниот фонд за директни инвестиции и поддржана од руската армија, мината недела го заврши тестирањето од прва фаза во која беа вклучени и руски војници. Институтот не ги објави резултатите од истражувањето, кое вклучуваше околу 40 лица, меѓутоа веднаш продолжи на следна фаза со уште поголема група.
Кандидатот за вакцина на Гамалеја т.нр. „вирална вектор“ вакцина базирана на човечки аденовирус (стандардна настинка), искомбинирана со протеини од САРС КоВ-2 за стимулирање на имуна реакција на телото. Ова е иститот концепт на кој се базираат неколку вакцини што во моментов се развиваат во Кина и на Западот. Минатата недела беше објавено дека руски хакери наводно упаднале во компјутерите на неколку западни лаборатории кои работат на овие вакцини.
Русија до сега има над 750.000 случаи на ковид-19, со што е на 4-то место во светот по бројот на заболени.