Откако решија училиштата, продавниците и рестораните да останат отворени за време на целата пандемија, стапката на ширење на заразата во Шведска е далеку повисока отколку во останатите нордиски држави. Плус, стапката на смртност од ковид-19 во Шведска е меѓу највисоките во светот.
Сето ова до сега се трпеше под закрила на постигнување повисоко ниво на имунитет на ниво на нација. Меѓутоа според Андрес Тегнел, државниот епидемиолог на Шведска „трендовите во имунитетот се изненадувачки ниски“, ем „тешко е да се објасни зошто тоа е така“.
Анализа на 50.000 тестови од шведската Верлабс АБ, покажува дека околу 14% од лицата кои минатите 6 недели се тестирале во стокхолмскиот регион имаат развиено ковид-19 антитела. Студија од Бергамо, некогашниот ковид-19 центар на Италија, покажала дека 57% од жителите развиле антитела.
Мерките кои ги спроведуваше Шведска, освен групниот имунитет, требаше да ја помогнат и економијата во земјата. Но сето тоа беше засенето од неочекувано високиот број на смртни случаи, заради што Швеѓаните станаа гневни кон сопствената влада и речиси комплетно ја изгубија вербата во нивната стратегија за борба против ковид-19.
Во шведскиот парламент во средата беше одржана минута молк за сите починати, откако бројот на жртви во земјата од ковид-19 се приближи до 5.000.