
Станува збор за лек кој ги има двете најпосакувани карактеристики: се знае дека е безбеден бидејќи е во оптек и активно се користи од 1960-те, и евтин е.
За сега се знае дека лекот ја намалува смртноста кај пациенти што се на респиратор за 35%, и за 20% кај оние што се само на кислород.
„Пациентите кои се сериозно болни и се на респиратор имаат претерана имунитетна реакција. Оваа реакција знае до толку да излезе од контрола, што може да резултира со исполнување на белите дробови со течности.
Она што дексаметазонот го прави во овој случај е да ја стиши реакцијата на нашиот сопствен имунитетен систем и да им помогне на белите дробови да почнат да заздравуваат.
И тоа е клучно, бидејќи ако можеме доволно да го стишиме имунитетниот одговор тоа ќе спречи претерана реакција и ќе дозволи да случи нормална и соодветна реакција,“ објаснува професорот од Универзитетот Џон Хопкинс, Џејсон Фарли.
Тој дополнува, како не би се случило разграбување на дексаметазон, дека лекот не им е ни најмалку од корист на оние што не се на респиратор или што примаат кислород.