По неколку месеци глобална пандемија, некаде кон средината на јуни, британски доктори објавија дека имале изненадувачки позитивни резултати со дексаметазон, лек кој со години го користат и им е крајно познат.
Иако не е ни блиску до титулата „лек против корона“ што од очај му беше инстантно доделена, дексаметазонот за сега е најдоброто нешто кое фармацевтската индустрија (и општо глобалната медицина) има да им го понуди на најсериозно заболените од ковид-19.