На кратко, кај серозно заболените дексаметазон го смирува организмот и неговиот имун одговор и со тоа го спречува прегорувањето кое доведува до смрт на пациентот.
Лекот е создаден во 1950-те, кога докторите и научниците почнуваат да воочуваат дека кортизолот, природен стероид, може да користи во третирање на автоимуни болести.
Од тогаш, му наоѓаат најразлични примени од психички проблеми и проблеми со височини / дишење, до новороденчиња. Од пред нешто повеќе од еден месец и за ковид-19.