37-годишниот Александер Шулепов има фрактура на черепот по падот од втор спрат. Тој и негов колега на 22 април снимија видео во кое се жалат дека главниот доктор на болницата во Новаја Усман ги присилил да работат и покрај тоа што на тестовите биле позитивни за ковид-19.
Три дена подоцна се појави второ видео во кое Шулепов ги отфрла своите првични „емотивни“ тврдења, а неговиот колега, наводно се соочува со кривично обвинение за ширење „лажни вести“ околу вирусот за што може да добие до 5 години затворска казна.
Воронеж регионот во кој се наоѓа болницата има потврдени 636 коронавирус случаи, што е помалку од 1% од сите заболени во Русија, а најмалку 41 доктор и пациент од најголемата болница во регионот се заразени со ковид-19.
Ова е трет инцидент во последните две недели во кој руски здравствен работник паднал од болничка заграда. Во претходните два случаи паѓаа доктори, и во двата случаи докторите починаа.