Земјата викендов ја започна маркетинг кампањата „#specialheroes - заедно против короната“ во која ги повикува граѓаните на Германија да го следат почесниот пример на нивните мрзи сограѓани.
Видеото, за кампањата завршува со пораката „И ти можеш да станеш херој, со седење дома.“
Германија до сега има 775.556 заразени од коронавирус од кои 12.378 завршија со смрт. Земјата на почеток од ноември воведе 1-месечно делумно ставање под клуч на одредени делови со цел контрола на ширењето на ковид-19. Со ова мерка затворени се ресторани, барови и теретани, а се ограничува и бројот на луѓе што можат да се собираат во јавност и по дома.