Таг: кина

Кинеските тролови што објавуваат 488 милиони постови годишно

Бројките ги вади ново истражување на објавите на кинеските социјални медиуми, кое открива "масовна тајна операција" за полнење на кинескиот интернет со пропаганда.

Во кинески рудник за Биткоин

Целата операција се случува во предградие на мал кинески град (што е денешната верзија на преку 7 планини, 7 мориња...) и годишно успева да "ископа" околу 8 милиони долари во биткоин. Бидејќи сето ова ниту е легално, ниту е нелегално, комплетниот проект се држи во тајност.

Кина, 100 години подоцна

Стари слики од Кина од пред еден век до остарени слики од Кина од пред некоја година (која како). Нешто ново, нешто апдејтувано.

Топла вода, пијалакот што ја држи Кина

Во Пекинг моментално се случуваат годишните седници и собранија по цела можна хиерархија на Кинеската комунистичка партија, а со тоа и на државата. Клучно за сето ова да функционира? Шолја топла вода.

Демба Ба во воздушен дуел со судија во Кина

Поранешниот фудбалер на Њукасл и Челси, сега член на кинескиот Шангај Шенуа толку се занесе на еден натпревар што се судри со судијата во директен дуел. Претпоставуваме кој го извлече поделебелиот крај.

Кина сè забрани на телевизија

На телевизија нема да има хомосексуалност, нема да има прељуба, секс за една вечер, покажување деколте, ниту пак реинкарнација, затоа што сите овие работи ја "истакнувале темната страна на општеството."

10 луѓе кои одбија страшни кинески пари

Кинезите решија да се отворат на спортски план, така што 50 милиони евра за трансфер им се како добар ден. Сепак, некои луѓе покажаа дека парите не им се пресудни во моментов.

Кинезите се преселија на интернет

Што имаат заедничко следниве работи: цртежи од патувања во времето, порака за будење од Барак Обама, пелети од був и огноотпорно заштитно одело? Сè се тоа работи кои можат да се купат на кинескиот интернет.

Зошто кинескиот фудбал стана толку гласен?

Со неколку трансфери на играчи за кои платија астрономски суми, кинеските клубови зимава го имаа најскапиот преоден рок во фудбалскиот свет. Што ги натерало толку да трошат?

Најлудиот трошаџија во кинескиот фудбал

Кога една екипа ќе даде 78 милиони евра за двајца играчи (Рамирес од Челси и Тешеира од Шахтјор), тогаш реален е алармот во европскиот фудбал дека кинескиот пазар би можел да направи цунами во овој спорт.

Бегај дур можеш во кинеската кошарка

Џејсон Максиел кој после 10 години во НБА, сега игра за кинескиот клуб Тјанџин буквално здиве на мечот по еден груб фаул од центарот на Шандонг Ву Ке. Максиел тргна по него и го бркаше по цел терен додека Мајкл Бисли не го смири.

Кинескиот шопинг низ Европа

Кинезите последниве неколку месеци дома имаат сериозни проблеми со берзата. Надвор од дома Кинезите немаат никаков проблем со купувањето на најразлични компании низ Европа, посебно во Германија. Не само што немаат проблем, туку се и неочекувано галантни.

29-те минути што ја потресоа глобалната економија

Во четвртокот, 7-ми јануари, во 9:30 по локално кинеско време берзите почнуваат со работа. Во 9:42 следува остар пад на берзите во Шангај и Шензен, што го активира новововедениот безбедносен систем (против финансиски крах) кој го прекинува тргувањето на 15 минути. Пред активирањето на системот, за овие 12 минути работа, индексот на двете берзи е паднат за 7%.

Издавачите кои исчезнаа

Минатиот месец беше објавено дека четворица издавачи од Хонг-Конг, чии книги ја критикуваат кинеската комунистичка елита, исчезнаа. На тројца од нив трагата им се губи во Кина, а на еден во Тајланд.

Кинески зејтин

Па што не кажете така, можеме ние и никогаш во живот веќе ништо, ама ништо да не јадеме. А таман човек ќе развие еден поштен страв дека во Кина најлошо нешто што можат да ти подметнат за јадење е куче.

Од тренинзи на поле со марихуана до Премиер лига

Вотфорд почнува да сфаќа колку голема работа им завршил нигерискиот напаѓач Одион Игало кој летово одби астрономска понуда од Кина за да остане во клубот и да стане најдобар стрелец во премиерлигашката историја на жолто-црните.

Најлудиот пинг понг поен

Кинезите и општо Азијатите се познати како генијални пингпонгари, меѓутоа она што им појде од рака на овие двајца ретко се гледа дури и на големите светски собири.

Кинеското второ дете и берзите

По стотици илјади абортуси заради незадоволство од полот на бебето, и уште толку непризнаени и напуштени деца, Кина деновиве ги укина правилата за планирање на семејството (едно дете по семејство). Потег кој сериозно не им беше планиран на производителите на кондоми.

Дали Кина откри подобар систем од демократијата?

Општоприфатената логика во политичката наука (посебно по падот на СССР) е дека за диктатурата е неизбежно или да се демократизира или да стагнира. Ова во теорија важи и за Кина. Тоа што е општоприфатена, не значи и дека е точна.

Бандити во лов на бандити

Четворица Кинези трошат речиси 30 илјади евра на уредување и создавање на лажен таен центар за испрашување, кој наместо редовните дисиденти и тибетски монаси, планираат да го полнат со корумпирани кинески функционери, не за добро на народот, туку за добро на себе.

Зошто Кина е смирена околу економските проблеми на Кина

Летово беше веројатно најужасниот период во историјата на кинеската берза, вредноста на акциите беше во слободен пад, секој ден се губат милијарди долари, а кинеското раководство и не се претегна обидувајќи се да ја спаси берзата. Ова претежно беше протолкувано како знак за неспособност на Кси Џинпинг, освен од оние кои сметаат дека сето ова е дел од неговиот план.

Кина за 22 дена го изгуби целиот БДП на Британија

Аналитичар од Банката на Англија ја разложува загубата на кинеските берзи за време на кризните 22 дена од летово, кога нивниот индекс имаше пад во вредност од 2300 милијарди евра.