Брзината и ентузијазмот со кој Кинезите го прифаќаат интернетот е зачудувачка. Само до пред некоја година е-комерцот беше шема за поагилниот дел од младите кои си купуваа електронски шкартчиња на Али Баба, доминантната платформа за онлајн шопинг.
Оваа навика тогаш ја имаа помалку од 15 проценти од населението. Денеска ја има зафатено речиси речиси 40% од популацијата со што се оставаат зад себе САД како досега најголем е-комерц пазар.
А трендот и натаму е во залет и не е ни приближно до заситување. Развојот на технологијата го помага забрзувањето. Лансирањето на мобилното плаќање го зашишка онлајн плаќањето и денес околу 55 % кинески интернет корисници направиле некоја онлајн трансакција. Во САД таквите се само 19% од е-заедницата.
Дигиталниот паричник во Кина веќе не е само концепт туку нешто што функционира секаде. Откако платформата WeChat транзитираше од инстант месинџер во дигитален паричник и средство за мобилно плаќање, се регистрирале 1,1 милијарда корисници. Со мобилен телефон денеска во Кина може да се плати сè: зеленчук, облека, осигурителна полиса, карти за кино или такси.
Сервисите во Кина достигнаа 50 проценти од бруто домашиот производ и забележуваат константен пораст од 10%. Ова има позитивен ефект врз бројот на работни места па финансиските, ИТ и резиденцијалните сервиси бележат двоцифрен пораст на бројот на работни места.
Да де, и нас не заинтересираа пелетите.