Таг: кина

Како кинеските возачи им пресудуваат на пешаците

Во април годинава БМВ кое со полна брзина минува покрај пазар во градот Фошан, удира 2-годишно девојче и продолжува да вози преку неа. Како што бабата на девојчето се развикува "Стој! Удри дете!" возачот на БМВ-то застанува, става во рикверц и повторно минува преку девојчето. Жената што вози става во прва и по трет пат минува преку девојчето. По ова, жената без возачка, излегува од кола и веднаш му нуди пари на семејството на девојчето, само за да кажат дека нејзиниот сопруг возел.

Купување книги на доверба

На плоштад во кинескиот град Нанџинг се одвива необичен експеримент: книжарница на отворено, без продавач, само со кутија во која ги оставате парите.

Кина ги спасува Кинезите од крстови

До сега по барање на Комунистичката партија симнати се крстовите од крововите на над 1.200 цркви во Кина, под објаснување дека тоа се прави "во име на безбедноста и убавината."

Дерби на 11.000 километри далеку од Милано

Во склоп на турнејата во Азија, утре од 14 часот во кинескиот Шенџен ќе играат Милан и Интер, а средбата е повеќе од дерби поради борбата за освојување на Ориентот.

Маршот на клоновите

Кина изгледа забезекнувачки страшно како и да ја свртиш. После ова што ќе го видите (степен на дисциплина и исполнителност до кој можат да доведат едно човечко суштество) почнува да изгледа - само навака да не тргнат.

Во Кина почина поранешен фудбалер на Црвена звезда

30-годишниот Горан Гогиќ, кој беше дел од шампионскиот тим на Црвена звезда пред две години, вчера колабирал на тренинг во кинескиот Џингдау, а лекарите подоцна констатирале смрт.

Рекордни бонуси за фудбалерките кои играат за 485 долари

Во пресрет на четвртфиналниот дуел против САД, репрезентативките на Кина како мотивација ја добија најголемата парична награда во историјата на женскиот фудбал.

Рент-а-странец

Кинезите се очајни да ја мрднат од мртва точка продажбата на сите оние амбициозни, а сега дух населби што речиси секој кинески град ги изгради во својата периферија. Во очајот одлучија да најмат странци што ќе глумат жители на населбите.

Глаголот понижување во кинескиот фудбал

Бразилецот Елкесон (25) кој игра за кинескиот глуб Гвангжу покажа на дело како да понижиш противничка одбрана. Не даде гол, ама за потегот доби овации од публиката.

Кина и Тајланд во битка за Милан

Откако сајтот Аска Њуз објави вест дека Силвио Берлускони решил да продаде 75% од акциите во Милан, медиумите ги почнаа да ги анализираат потенцијалните купувачи на заспаниот гигант.

Водителки од Марс и Масимо Амброзини

Славната генерација на Милан, предводена од Анчелоти, Шевченко, Малдини и Костакурта во 2007-ма гостуваше во Хонг-Конг. Ај што слушаа водителки со чудни досетки на непознат јазик, Амброзини мораше да им го разубави шоуто и сам на себе да си ја испее хепи брдеј.

Грчкиот пенал во кинеска верзија

Третата грчка лига не била единствената каде се судат апла непостоечки пенали. Ќор со сила се направи и судија во натпревар од ФА купот во Кина.

Запознајте го кинескиот Артур Кларк

Еден научно-фантастичен роман од најпопуларниот кинески автор од овој жанр е преведен на англиски. Тоа е можност да се проценат културолошките разлики во пишувањето СФ, кои можат да доведат и до такви живописни приказни во кои сиромашен кинески селанец талка низ вселената рака под рака со Стивен Хокинг.

Најупорните одбојкарки

Видеото е од Кина, трае скоро минута и пол, но кога го гледате или ќе помислите дека ова нема крај или ќе викате: „Е сега ќе ја забие“.

Кинеска vs Англиска фудбалска анализа

Во време на ајфони и ајпади кои сами ги произведуваат, како и ХД, 3Д и разни други уште помодерни технологии, Кинезите уште ја тераат по старски со маркер и лист хартија. Темата им е поразот на Кина од Австралија во Азискиот куп на нации.

Пленот од ловење корупција во Кина

Актуелниот претседател на Кина како ретко кој свои претходник е решен да се справи со корупцијата во земјата, и притоа има пристап - кого удрам не жалам. Ова се некои од функционерите кои тој ги прежали.

Ножичките на Тим Кејхил против Кина

Репрезентацијата на Австралија против Кина игра за полуфинале на Азискиот Куп на нации, а резултатот го отвори Тим Кејхил со еврогол во 49. минута. АКН се игра во Австралија, а за полуфинале ќе играат уште Иран, Ирак, Јапонија и ОАЕ. Јужна Кореја е прв полуфиналист.

Како тријадите влегоа во кинеската полиција

Крајниот резултат е нешто сличен на Departed на Скорсезе, мафијата има купено или поставено свои луѓе на клучни позиции во локалната полиција, кои за возврат ја штитат и и' даваат информации.

Кина воведува фудбал како предмет во училиштата

Земјата со најмногу жители на светот во моментов е 88. на ранг листата на ФИФА, а Кинезите во историјата играле само на едно СП во 2002 година, по што решија да го популаризираат фудбалот меѓу најмладите.

Како да се трудиш без да се трудиш?

„Обидувајќи се да не се обидуваш: уметноста и науката на спонтаноста" е нова книга на Едвард Слингерленд, професор по азијски студии која се обидува да го надмине парадоксот на на наредбите како: Олабави се! Однесувај се природно! Биди спонтан!

Во Кина повеќе нема двосмисленост

Ниту реклами, ниту он-лајн или во која било форма политичка (и сите останати дебати) од сега нема да смеат да содржат игра на зборови. Кинеските власти одлучија дека тоа не само што не е интересно, туку е и проблематично за децата.

Што подразбираат Кинезите под демократија?

Во Австралија, кинескиот претседател неодамна изјави дека земјата има цел до средината на овој век стане "модерна социјалистичка држава која е просперитетна, демократска, културно напредна и хармонична." На австралискиот премиер не му се верува што слуша, конкретно околу делот "демократска." Магазинот Економист објаснува како Кинезите го сфаќаат зборот.

Поезијата на кинеските самоубијци

Во неколку неодамнешни самоубиства во Кина, жртвите зад себе наместо проштално писмо оставаа поеми за збогување. Не текстот од омилената песна, туку поеми што сами ги напишале.