Претседателот на Кина, Џи Јинпинг редовно ги следел фудбалските настани и не бил задоволен од тоа како неговата земја стои на фудбалски план во моментов. Поради тоа, претседателот и кинеската влада одлучиле да го воведат фудбалот како задолжителен предмет во училиштата.
Планот на претседателот оди во склад со одлуката на кинеската влада, која кон крајот на ноември одлучи да изгради 20.000 фудбалски терени во училиштата низ земјата. Кина има 1,3 милијарди жители и претседателот Јинпинг изјави дека ќе биде задоволен ако 100.000 деца редовно ги посетуваат часовите по фудбал на новите игралишта кои ќе се градат до 2017. година.
Јипинг бил разочаран што Кина не се пласираше на последното СП во Бразил и што загуби на пријателските натпревари од Холандија, Узбекистан и младата селекција на Тајланд. Од друга страна, женската репрезентација на Кина во 1999. година играше во финалето на СП, а во моментов е 14. на ранг листата на ФИФА.
Претседателот Џи истакна дека најголема желба му е Кина да се квалификува, да организира и да освои едно Светско првенство во иднина.