Рент-а-странец

Кинезите се очајни да ја мрднат од мртва точка продажбата на сите оние амбициозни, а сега дух населби што речиси секој кинески град ги изгради во својата периферија. Во очајот одлучија да најмат странци што ќе глумат жители на населбите.

Компаниите што ја нудат оваа услуга имаат каталози на ниво на авто-салони, па можеш да бираш боја на странецот што го изнајмуваш и негова националност. Луѓето што ја користат оваа услуга претежно се агенции за недвижности, кои се уверени дека полнењето на празните населби со странци ќе остави впечаток дека населбата е "меѓународна," моментално еден од клучните фактори за продажба на недвижнини во рурална Кина.

Обично се најмуваат по неколку илјади странци, и секој од нив има улога што треба да ја игра во објектот во кој е поставен - бизнисмен, спортист, дипломат, музичар и слично.

"Иако не невозможно да се пресмета ефектот на странците врз продажбата на имотот, раширеноста на праксата покажува дека феноменот функционира, барем во очите на градежниците," објаснува Дејвид Борнстајн за Њујорк Тајмс.

29 април 2015 - 12:44