Секоја репрезентативка на Кина ќе добие по милион јуани или 160.000 долари и тоа затоа што на Светското првенство кое во моментов се одржува во Канада успеале да ја минат групната фаза.
Потпретседателот на фудбалската федерација на Кина, Ју Хонгчен вели тоа е најголемиот бонус кој ќе биде исплатен во историјата на женскиот фудбал.
Кинезите се обидуваат да ја зголемат популарноста во женскиот фудбал и да ги мотивираат репрезентативките кои месечно заработуваат по 485 долари.
Женската селекција на Кина заедно со Холандија и Канада ја мина групната фаза каде испадна Нов Зеланд, а потоа во осминафиналето ја елиминираше Колумбија. Доколку во четвртфиналето го победи САД, во полуфинале ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Германија и Франција.
Нивното соочување против САД ќе биде и реприза од финалето на Мундијалот во 1999 година кога Кина беше елиминирана на пенали. Второто место на Светските првенства за нив до сега е најголемиот успех, а единственото Светско на кое не успеаа да обезбедат пласман беше минатото во Германија 2011.
Селекцијата на Кина е осумкратен шампион на Азија, а седум од тие титули ги освои по ред од 1986 до 1999 година. Во Кина има 7.000 девојчиња на возраст над 12 години кои тренираат фудбал.