Топла вода, пијалакот што ја држи Кина

Во Пекинг моментално се случуваат годишните седници и собранија по цела можна хиерархија на Кинеската комунистичка партија, а со тоа и на државата. Клучно за сето ова да функционира? Шолја топла вода.

"Бригади млади жени (и неколку мажи) цел ден разнесуваат термоси низ огромната зграда, полнејќи ги шолјите за делегатите. Некои ја користат врелата вода за да направат чај, ама многумина едноставно директно ја пијат," пишува Никол Лиу за Лос Анџелес Тајмс.

За сите што со неверување читаат за ова, Лиу објаснува дека како што вам ви е чудно некој да пие клот топла вода, така на Кинезите им е бизарно што на Западот се пие ладна вода, што дури се смета и за штетно.

Самата Лиу "како ќерка на традиционален кинески доктор, е оддадена на пиење топла вода," објаснувајќи дека додека растела никој во нејзиното пошироко семејство не ни помислувал да ти стави вода дури и на собна температура, што било најдобар начин цело семејство да се обедини против тебе и здружно да ти се качат на глава.

Според нејзе потеклото на ваквата навика е од времето кога се основа комунистичка Кина во 1949-та, кога водата за пиење во водоводите е со лош квалитет.

Неколку децении властите промовираат пиење зовриена вода, па речиси на сите работни места и заедници има простории за зовривање вода, која секое утро е испорачувана до домовите. "Ова го правеа многу рано наутро полнејќи ги садовите што си ги оставил пред врата. Постојано велеа дека тоа е за наше здравје и хигиена."

"Според правилата на кинеската медицина, балансот е клучен, а жешката или топла вода се смета за есенцијална за балансирање на студот и влажноста; дополнително, се верува дека ја подобрува циркулацијата на крв и исфрлањето отрови," објаснува Лиу.

15 март 2016 - 10:29