Таг: Италија

Газдата на Интер е 26-годишен Кинез кој сака да го престигне Јувентус

Во портфолиото на најмладиот претседател во историјата на Интер, 26-годишниот Жанг, стои дека завршил на Универзитетот Пенсилванија, дека работел во инвестициската банка Morgan Stanley и дека беше потпретседател, а од скоро претседател на Интер.

Најглупавата војна на светот се водела за кофа

Сите војни на светот се глупави на свој начин кога предизвикуваат смрт и страдање. Ама некои се издвојуваат по својата глупост.

Италија би со шлепери метални парички да ја плаќа казната од ЕУ

Како што ЕУ се подготвува да ја казни Италија со 3,4 милијарди евра (0,1% од БДП-то на земјата), така Италија почнува да ѕврцка со метални парички.

Движењето Пет ѕвезди во Рим не е ни блиску до пет ѕвезди

Од улици начичкани со преполни контејнери, до кратери на улиците и автобуси што експлодираат, на локалните власти во Рим последно нешто што им е на список проблеми е да се објаснуват дали се „популисти“ или не.

Акцијата на Италија која е жално што заврши со офсајд

Со 17:6 во удари и 68% посед на топка, Италијанците предводени од Роберто Манчини синоќа доминираа во Полска. Тие ја имаа и акцијата на колото која навистина штета што не резултираше со гол. Опасноста пред својот шеснаесетник ја решија за секунда и со два долги и прецизни пасови направија трансформација во напад. Фантастично одиграна акција во 10 додавања.

Италијанските расисти се посебен тип цвикатори

Парламентарец од италијанска крајно десна партија пред неколку години ја споредува италијанската политичарка Сесил Кјенге, прва црнкиња министер во италијанската влада, со орангутан. Кјенге на него и на неговата партија им порача дека се расисти. Сега истата оваа партија е на власт во Италија, и уште и памтат на Кјенге.

Изгледот на новата Италија под водство на Роберто Манчини

Вечерва против Полска, а во понеделник против Португалија во Лисабон ќе видиме каква е новата фудбалска репрезентација на Италија во која има многу млади играчи од кои некои уште не дебитирале во Серија А.

Анти-ЕУ ЕУ фронт

Иако за сега никој нема толку длабоко загазено во своите анти-ЕУ чувства како Британците, добар дел од она што е на власт на континентот е во сериозен идеолошки судир со директивите и целите кои се промовираат од раководството на Унијата.

Голман на Каљари паѓал 50 метри од срушениот мост во Џенова и преживеал

Давиде Капело кој во 2013-та година го чувал голот на Каљари на чудесен начин го преживеал падот со кола од срушениот мост во Џенова.

На тренерот на Челси му се пали цигара, му се плаче, ама забрането е

Кариерата на харизматичниот Маурицио Сари во Англија започна не баш едноставно. За него велат дека тој не пуши само кога спие.

Славните италијански фудбалери кои служеле војска

Општо познато е Италија ја совлада Франција во финалето на СП 2006, а Зидан имаше неславно заминување од Мундијалот откако му удри глава на Матераци. Но дали знаете дека Виали го има освоено Военото Светско првенство, а Дел Пјеро и Канаваро имале неславен меч со црвени картони?

1.600-те дрвја маслинки што блокираа гасовод од 4,5 милијарди евра

Целта на транс-јадранскиот гасовод е да обезбедува руски гас „за секое ќоше на ЕУ“ и како таков неговата изградба ќе биде платена 4,5 милијарди евра. Како ретко кога проблем за завршување на проектот не се пари, туку маслинки.

Добрососедско гадење

Италијанската влада е неодговорна и цинична заради тоа што одби да прими над 600 имигранти заглавени во Медитеранот, гласи критиката на француската влада. Пораката од владеачката француска партија е далеку поконкретна.

Зајцев сервираше 134 км на час и постави светски рекорд

Иван Зајцев има 29 години но веќе може да го вброиме меѓу великаните на светската одбојка. Роден е во Италија, игра за италијанската репрезентација иако има руски корени.

Минатото на новиот владетел на Италија

Џузепе Конте е новиот премиер на Италија и тоа не од причина што е најдобриот кандидат на владејачката коалиција, туку затоа што новите коалициони партнери не можеа да се договорат за никој друг.

За ЕУ, Италија е поопасна од Брегзит

Од оние безброј италијански владини комбинации, актуелната коалиција е една од најчудните. Составена е од партнери од спротивните краеви на политичкиот спектар кои, освен што не поднесуваат мигранти, ги обединува тоа што не ја фермаат ЕУ.

Туристи нон грата

За претстава колку на локалците им се смачени сите јабанџии што им шпартаат по град, замерката на противниците на планот на градоначалникот за ограничување на бројот на туристи што влегуваат во Венеција е дека тој не е доволно ригорозен.

Родниот град на Мусолини ќе отвори Музеј на фашизмот за да ги едуцира радикалните десничари

Предапио, според неговиот сегашен градоначалник, станал „италијански Чернобил“ во смисла на тоа дека е „загаден“ од орди нео-нацисти кои го посетуваат гробот на Мусолини. Тој нуди решение за нивно едуцирање. Нека му е со среќа.

Најдобриот сегмент од патувањето на Конан во Италија

Овој што е со Конан му е колега и еден од продуцентите на шоуто, Џордан Шлански, и е неподнослив.

Италијански депонии со реа на рак

Северниот италијански град Павија има два главни проблема: распространето палење на нелегално фрлено ѓубре и повисока стапка на рак од кога и да е. И ова може да е коинциденција, ама тешко.

Дај друго дете

Лоренцо Инсиње во моментов важи за најдобар италијански фудбалер и предводник на новата генерација млади играчи кои мора да ги оправат „Аѕурите“. Ама како за инает, дека е висок 162 сантиметри, во последно време организаторите се му даваат најголемо дете пред мечот па изгледа како тој да е пратња.

Берлускони се враќа на голема врата во политиката, не и во Милан

Тој е ноќна мора за италијанската левица и партијата во подем „Пет ѕвезди“. Има еден куп кривични пријави за него, обвиненија и тужби а додека тој оди на рочишта, славниот Сорентино за него снима филм. На Берлускони му е интересно и без Милан.

Ни крајна десница веќе не е тоа што беше

Северниот италијански град Спирано е само еден од мноштвото градови кои избраа десничар конзервативец да ги преставува во Сенатот на државата. Иако дел од мнозинството, нивниот кандидат е комплетно различен од мнозинството.

Италија спремај се за Светско, Англија е можно да не игра

Како тргна да се обвива тензијата меѓу Русија и Велика Британија, ништо чудно да се повтори ЕП 1992. Англија во случајов да биде Југославија, а на Италијанците да им се посреќи како на Данска.