Салвини булдожерот

Во својата намераченост за справување со мафијата, италијанските власти запленија сериозни имоти низ целата земја, од Сицилија до северот. А на толку запленет имот, проценката веројатно е дека е греота нешто да не се сруши.

Парадирајќи со бел работнички шлем и чепкајќи нешто во булдожер колку да го штрбне кровот, италијанскиот заменик премиер, Матео Салвини, го започна демолирањето на една луксузна вила нелегално изградена во Рим од мафијашкото семејство Касамоника.

Откако Салвини си го направи меракот, работата ја преземаа професионалци од италијанската армија, кои го истераа рушењето.

Вилата е една од 8-те што полицијата ги заплени од Касамоника во близина на Рим. Освен што се нелегално изградени, дополнителен проблем е што трите вили се изградени врз „земјиште кое е од археолошки интерес“.

Во рацијата учествуваа над 600 полицајци, кои требаа да иселат околу 30 луѓе од запленетите вили.

Италијанците периодов се сериозно пуштени во борба на мафијата, само на Сицилија пред некој ден беше запленет имот во вредност од 1,5 милијарда евра од наследниците на еден бизнисмен за кого се верува дека има врски со мафијата.

27 ноември 2018 - 11:07