Во понеделникот во Џенова се случи огромна трагедија откако се сруши мостот Моранди на висина од околу 50-ина метри. Загинаа 38 луѓе меѓу кои три деца. Италија и Европа уште се во неверица и шок по она што се случи во пристанишниот град Џенова.
Веднаш по трагедијата се огласија и многу луѓе кои тој датум ќе го слават за втор роденден.
На десетина минути пред трагедијата по мостот возел и повремениот италијански репрезентативец Доменико Кришито. Тој објави и видео на Инстаграм на кое се гледа како со син му во кола проаѓаат по мостот а малиот во еден момент го прашува колку е часот на што Кришито одговара 11:40 е.
Точно десет минути подоцна мостот висок 45 метри се срушил. На него во моментот на рушење имало 30-ина коли од кои повеќето паднале долу во провалијата. Точната причина за страшната несреќа уште не е соопштена.
Но сторијата на Кришито не е ништо во споредба со онаа на Давиде Капело, голман на Каљари до 2013-та година кој го чувал голот на овој тим на 2 меча во Серија Б во ноември 2003-та.
После Каљари, Давиде Капело бранел и за нисколигашите Белуно, Олбија, Нуорезе, Алгеро, Будони и Савона - тимови кои никогаш не се искачиле повеќе од трета лига.
Откако ја завршил професионалната кариера, Капело се преселил во Савона (на еден час возење западно од Џенова) каде се вработил во противпожарна служба и продолжил аматерски да игра фудбал за малку познатиот Легино.
Во моментот на рушење на мостот Капело возел по виадуктот Полчевера над истоимената река. Со својот автомобил Volkswagen Tiguan извозел околу 50-ина метри пред да удри во урнатините кои го фрлиле во бездната.
За некое чудо немал ни гребнатинка и брзо излегол од скршената кола. Стигнал и да му се јави на татко му: „Мостот кој го поминувам се сруши. Паднав заедно со колата. Не се секирајте, добар сум, на сигурно сум“.
Татко му, Франко Капело на новинарите им го прераскажал првиот разговор по телефон со син му:
„Од првин ништо не сфатив, но му кажав: ’Давиде, ако можеш да одиш, пробај да се тргнеш што поскоро’. И тој го направи тоа, му помогнале полицајците затоа што заѕвонил на 118 (број на Брза помош во Италија). Некој светец го спаси син ми и благодарен сум му за тоа.“
Самиот Капело потресен рекол:
„Слушав страшни крици, а потоа видов како се руши се и остава пустош зад себе. Како во забавен парк, летав долго, просто бесконечно и бев сигурен дека тоа е крајот.
Како на филмот Апокалипса, се се руши, се паѓа, тотален хаос. Мислев дека ќе умрам но излегов од колата благодарение на колегите пожарникари и полицајците. Не сфаќам како мојата кола не е смачкана.
„Истураше дожд, а околу слушав крици и барање помош. Сакав да им помогнам на луѓето но се чуствував изгубен. Просто не можев да замислам што се случи на еден од најпрометните мостови во Италија“.“, раскажува Давиде низ што поминал.
Паднав заедно со колата и се заглавив на една точка каде можно е да ме заштити некој од столбовите. Чудо како останав жив. Имав среќа“, го објаснил Давиде Капело своето спасување.
По мостот Моранди (наречен во чест на инженерот-конструктор кој го конструирал од 1963 до 1967 година) проаѓа делница од автопатот А10. Висината на носечките пилони е 45 метри, ширината е 18 метри а должината на мостот е 1.200 метри.
Последен пат мостот Моранди бил реновиран во 2016 година кога познатиот инженер Антонио Бренџиќ изјавил: „Мостот е погрешен. Порано или подоцна тој ќе мора да биде заменет. Не знам кога. Ама ќе дојде време кога цената за негово одржување ќе биде повисока отколку замената.“
Во компанијата Atlantia, која е задолжена за одржување на италијанските автопати имал договор за реконструкција на виадуктот вредна 20 милиони и 159.000 евра. Рокот за реконструкција истекол на 11 јуни.