Џибрил Сисе, кој беше еден од најхаризматичните играчи на времето па клинците Марио Балотели и Пол Погба сакаа да бидат како ѕвездата на филмот Такси 4 и прават фризури како него, објави дека ќе работи како диџеј и моден креатор.
Колку е вешт, Унаи Емери покажал кога на еден свој фудбалер му дал празно це-де после тренинг. Утредента го прашал дали го изгледал, а играчот му рекол ’Да мистер, неверојатна тактика’. Француските коментатори го критикуваа, но вчера ги затна.
На дуелот Нант - Пари Сент Жермен во Франција, Марко Верати реши невообичаено да му ја врати топката со глава на својот голман Кевин Трамп, а судијата Јоан Хамел после неколку секунди досуди индиректен удар и му покажа жолт картон на Италијанецот.
До ден денес не е разјаснета дилемата колку години точно има Тарибо Вест кој во Европа се прослави со смешните шарени плетенки, но и со добрата игра во одбраната за Интер, Милан, Оксер и пред сè Партизан со кој играше во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Под услов „Триколорите“ на крај да бидат први во групата А што е прилично реално, нашите момци ќе треба да направат изненадување против Шпанија или да останат непоразени против Исланд.
Еден од најдобрите другари на Азар од деновите во францускиот Лил, Рио Мавуба за француски тв канал раскажал една необична епизода од кариерата на Белгиецот во Лига 1.
Голем број фудбалери минуваат трнлив пат за да стигнат до врвот, но она низ што поминал Кристијан Карамбе сигурно дека е приказна за долгометражен филм кој би имал рекордна гледаност. Еве и зошто.
Твојот клуб игра за опстанок против најсилниот тим во Европа во тој момент кој со победа станува шампион. На маса ти нудат многу пари и соиграчите те убедуваат да се договорите затоа што и онака немате шанси да опстанете во лигата. Сторија за судскиот процес „Валенсиен-Марсеј“.
Не е мал бројот на кошаркари кои ќе потпишат договор во НБА, нема да задоволат таму и се враќаат назад во Европа а американските франшизи и натаму ги плаќаат до крајот на договорот. Народски кажано клати врата-земај плата. Колку реално земаат странците кои играат во НБА?
Французинот летово стана најскапо платениот фудбалер во историјата на фудбалот откако Манчестер Јунајтед го купи од Јувентус. Дресот на Погба е еден од најпродаваните во светот, а неговиот спонзор Адидас направи врвна реклама која ги опфаќа неговите почетоци.
Вејтс е познат по бескомпромисноста кога е во прашање користење на негова музика за комерцијални цели. Една од неговите најпознати изјави во оваа смисла беше: „Ако Мајкл Џексон сака да работи за Пепси, зошто просто не му дадат канцеларија таму?“.
Во Скопје доаѓа четирикратен светски и еднократен европски и олимписки првак. Италија на „Филип Втори“ ќе истрча како селекција која нема пораз во квалификации за СП или ЕП цели 3685 дена или 51 натпревар!
Клеопарт Дарлу од ракометниот клуб Брест, која брани и за селекцијата на Франција, прво се претвори во Ноер, а потоа во Рожерио Сени. Тоа изгледа вака:
Ако не го следите француското првенство, ќе ве изненади изгледот на табелата: После осум кола лидер не е ПСЖ, ниту Монако ниту Лион, туку Ница која што неодамна ја купи една група американско-кинески инвеститори. Лидери се благодарение на Балотели.
Албан Лафон е роден на 23. јануари 1999. година во главниот град на Буркина Фасо, Уагадугу. Откако се преселил во Франција почнал да игра фудбал во аматерскиот тим АС Латои како полушпиц но набрзо го ставиле на гол. Во 2014-та стана член на Тулуз а сезонава е еден од подобрите голмани во француската Лига 1.
Францускиот сајт Football France објави зошто трансферот на Тогоанецот Емануел Адебајор во Лион пропаднал иако речиси сè било средено да потпише со клубот.
Арсен Венгер денес слави јубилеј две децении на клупата на „Топџиите“. Дојде како иновативен тренер кој допринесе (уште допринесува) за развојот на убавиот фудбал. Во Премиер ги донесе Анелка, Виера и Тиери Анри и веќе во првата сезона освои двојна круна. Во последно време навивачите му замеруваат поради тоа што имал „змија во џебот“ и не троши пари за нови засилувања на тимот.
15 годишно момче деновиве беше уапсено во Париз по откривање на неговите планови за изведување терористички напад во градот. Само во последнава недела тоа е трет малолетник кој е уапсен заради истата намера.
Во последните неколку години, Лукас Пуј кој на 23 февруари наполни 22 години постојано се искачува на ранг листата, но забележителни резултати почна да покажува сезонава. Синоќа Рафа не успеа да го победи Французинот ни со крајни напори.
Од петокот Ница и официјално се придружи кон сè поголемиот список на француски градови што го забрануваат носењето буркини (бурка-бикини) на своите плажи. Како што се шири списокот на забрани, така се шири и дебатата.
Во време кога има позаканувачки и депресивно поконзистентни типови тероризам, не многу луѓе ќе се потресат од екстремистичка група составена од француски винари, кои во својот поход за заштита на француското вино уништуваат канцеларии или истураат илјадници тони увозно вино. Без разлика, тие постојат и се водат како ЦРАВ (Comité Régional d’Action Viticole).
Франција моментално е во 9-от месец од предвидените 14 и пол месеци вонредна состојба. Кога беше донесена одлуката, таа требаше да помогне Франција да биде побезбедна, но сепак не успеа да го спречи масакрот во Ница, или убиството на свештеник во Нормандија.