Вратата во европскиот фудбал на Тарибо Вест му ја отворил францускиот Оксер. Нигериецот во Франција слетал во 1993, а според пасошот (не и според изгледот) имал само 18 години.
Во Оксер легендарниот Тарибо поминал четири сезони (89 меча, 2 гола во сите натпреварувања, дебитирал во Лигата на шампионите и ја освоил шампионската титула во Франција). Во 1994. година Нигериецот се појави и на Светското првенство во САД - негово прво од трите Мундијали во кариерата.
Во 1996. година Тарибо Вест беше во составот на Нигерија којшто сензационално ја освои Олимпијадата во Атланта:
Во летото 1997. година за високи 12 милиони евра (тогаш зделката била во друга валута, така што милионите биле нешто повеќе), Тарибо Вест премина во милански Интер. За неговите први тренинзи во Интер, во својата биографија анегдота раскажал и Хавиер Занети.
Уште во првата сезона во Интер, Тарибо Вест го освои Купот на УЕФА. Не се знае што би го снашло Интер без Вест затоа што тој постигна ефектен гол во дополнителното време во Гелзенкирхен, кога во четвртфиналето Интер играше против Шалке:
Во Интер Тарибо Вест најмногу се дружел со Роналдо. Тогаш Нигериецот стана препознатлив по своите шарени плетенки:
На почетокот на сезоната 1999/2000 Тарибо го загуби местото во составот на Интер кое му го зема Гркот Георгатос. Вест тогаш реши да смени клуб но не се отсели од Милано. За скоро 3 милиони евра премина во црвено-црната страна од градот. Во Милан Тарибо Вест играше пола година (4 меча и 1 гол против Удинезе). Набрзо во Милан ја загубиле довербата во него и кариерата на Тарибо тргна во надолна линија.
По една сезона Тарибо одигра за Дерби Каунти (му помогна да се спаси од испаѓање) и во германскиот Кајзерслаутерн каде играше со Марио Баслер и Олаф Маршал, и со младите Роман Вајденфелер и Мирослав Клосе.
Во зимата 2002. година, Тарибо Вест се вратил од Африканскиот Куп на Нации со гастроентерит поради што германскиот клуб му понудил до крајот на договорот да најде ново работно место (позајмица).
На меч од Светското првенство 2002 година против Шведска, на Тарибо му ја пукнаа аркадата поради што го шиеа на живо (се сеќавате на Јап Стам). Помошниот тренер во репрезентацијата на Нигерија, Фестус Онигбиднде тогаш го нарече Тарибо еден од главните виновници за брзото испаѓање на Нигеријците од Мундијалот.
Во летото 2002 година, Тарибо како слободен играч стигна во белградски Партизан каде тренер беше Лотар Матеус. Во Партизан Тарибо помина неверојатно време: за шест месеци стана дел од историската генерација на клубот која учествуваше во групна фаза од Лигата на шампионите (го поминаа Њукасл во квалификациите). Кога Тарибо беше на теренот Партизан извади бод против славните Реал Мадрид, Марсеј и Порто.
По авантурата во Белград, Нигериецот следните три години играше во катарскиот Ал Араби, англискиот Плимут, нигерискиот Јулиус Бергер и иранскиот Пајкан. Во октомври 2007. година 33-годишниот Тарибо Вест заврши со фудбалот.
Во 2013. година поранешниот раководител и алфа и омега во Партизан, Жарко Зечевиќ откри необичен детал за возраста на Вест: „Кога дојде кај нас ни кажа дека има 28 години. Ние знаевме дека има 40, но играше така здраво и добро што не жалев за неговиот трансфер“.
Тарибо тогаш одговори дека Зечевиќ не бил при свест а на крајот приказната не доби свој епилог и работите се заташкаа.
По социјалните мрежи денес, особено на Инстаграм под хаштаг #TariboWest може да најдете разни бои на плетенки. На пример:
Карикатурата на Тарибо од генијалниот Омар Момани:
А самиот Тарибо Вест кој денес има 42 или 54 (никој не знае) многу време поминувал во медитација и проповеда христијанство.