Досега настапуваше за Франција У16, У17 и У18. Ништо чудно ако брзо го викнат за У21 и за сениорскиот тим. Лафон лани бранеше на 32 меча и на 8 не прими ниту еден гол со што го спаси Тулуз од испаѓање. Како награда за тоа доби договор до 2020 година.
Лафон стана и рекордер како најмлад играч во историјата на француската лига кој настапи со 16 години и 310 дена и го сруши рекордот на стариот Микаел Ландро. За Лафон веќе покажале интерес Арсен Венгер и Челси, но Тулуз нема намера да се откаже од него уште неколку сезони.