Таг: доналд трамп

Мајкл Мур: Трамп е на пат да победи и во 2020

Трамп може нема да го освои мнозинството од гласачите, ама како што сега стојат работите сигурно ќе го освои мнозинството гласови од изборниот колеџ, порачува истиот човек кој уште во јули 2016 беше меѓу првите луѓе од меинстрим левицата кој предвиде пораз на Хилари.

Северна Кореја е порационална отколку што ја мислите

Без разлика како изгледа лудилото на кој и да управува со Северна Кореја, на секој тамошен владетел му е кристално јасно дека напаѓање на САД со нуклеарки без сомнеж ќе резултира со одговор кој неизбежно ќе ја претвори земјата во еден џиновски кратер.

Да се сруши планината Рашмор!

Авторот на текстот за Вајс предлага уште од сега да им бидат скратени маките на сите Американци што стравуваат дека рушењето споменици на историски ликови од конфедерацијата утре ќе се претвори во рушење споменици на Вашингтон или на Џеферсон (инаку и двајцата сопственици на робови).

„Додека е Трамп таму, мене не ме гледате во Белата Куќа“

Еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата и МВП на НБА финалето 2017, Кевин Дурент изјави дека и во случај претседателот на САД да го викне тимот на Голден Стејт на свеченост во знак на честитки за титулата, тој не би дошол.

Насловните на магазините по килавењето на Трамп околу нео-нацистите

Иако Трамп имаше шанса со неколку празни фрази да ќари лесни поени кај општата популација, неговиот избор на зборови во реакцијата околу Шарлотсвил беше една од најпогрешните комбинации што можеше да ги погоди. Контра одговорот стигна од насловните на некои од најголемите светски магазини.

Трамп два пати дневно добива папка со позитивни вести за него

Од почетокот на мандатот на администрацијата секојдневно се подготвува специјална папка, која на претседателот му се испорачува на две рати. Првото пакетче е спремно во 9 и 30, а второто во 16:30, и во просек во нив има од 20 до 25 страници со вести.

Зошто не можеш демократите сериозно да ги сфатиш околу Русија

Како што објаснува магазинот Политико, тие се во право околу заканата што Путин ја претставува за американската демократија. Ама грешат за речиси сè останато.

Да речеме дека Трамп освои втор мандат

Иако е премногу далеку и е малку веројатно, ваквата замисла неодоливо потсетува на средината на 2015, кога Трамп прв пат објави дека се кандидира за претседател, а и левите и десните се спрдачеа со него и замислуваа како би изгледала таа Америка чиј претседател е поранешен водител на реално шоу и сеопфатен кловн.

Трамп ги укина парите за анти-Асад бунтовниците во Сирија

Американскиот претседател одлучи да стави крај на тајната програма на ЦИА за вооружување и обука на сириски бунтовници кои се борат против владата на Башар ал Асад. На ова претходеа неколку најави од Тилерсон и американските медиуми дека САД ќе остават Русија да решава за судбината на сирискиот претседател.

Како Реган ги постави основите за доаѓањето на Трамп

Реган шоу е нов документарец на тема Роналд Реган, но не за неговото претседателството, туку како Реган ја одглумил улогата на претседател и целиот апаратус за односи со јавноста што го ангажира за "внимателно кореографираниот лик да се пренесе и продаде на американскиот народ".

Зошто медиумите не можат да се одбранат од Трамп

Наместо да очекуваат сочувство од јавноста и да се вџашуваат од секој потег од лидерот на американската нација, медиумите треба да работат на уверување на јавноста дека реториката на Трамп е штетна и за нејзе.

На западните шпиони им се темни што Трамп треба да се види со Путин

Расипан телефон низата по која доаѓа информацијата е Москва > европско разузнавање > американски експерти > американски медиуми, а исходот е: Дејли бист пренесува дека американски експерт им пренел тврдење од европски функционери дека Москва очекува нивниот лидер да истресе купишта доверливи информации од Трамп.

На Меркел ѝ е преку Трамп (и брегзит)

Жената што како светски лидер е препознатива по својата смиреност изгледа како да ги потрошила и последните резерви разбирање за „одметнатите“.

Збогум на митот за руското мешање во американските избори

Сведочењето на поранешниот секретар за домашна безбедност Џеј Џонсон треба да го обезбеди дефинитивниот крај на "Русија ги хакна изборите" хистеријата. Штета што ни требаше толку време за да стигнеме до тука, пишува уредничкиот борд на Њујорк пост во својот едиторијал.

Како Трамп ги собра гласачите на Обама?

Утехата во текстот за Слејт е дека на Трамп ова нема да му успее следниот пат.

Не гледај што продавам, гледај што зборам

Откако го критикуваше Катар дека го поддржува муслиманскиот тероризам, следниот (принуден) потег на Трамп беше - продажба на оружје на Катар во вредност од 12 милијарди долари.

Ѕидот на Трамп стана соларен

Кој од сеир, кој од радозналост, кој од закоравено непознавање на природата на човек што решил да го напушти својот дом, сите го чекаат остварувањето на едно од главните предизборни ветувања на Трамп. И додека допрва треба да се фрли првата лопата на проектот, Трамп најави содржински апдејт на својот план.

Посматрање новинари што го слушаат портпаролот на Трамп

Ова може да е и олимписки спорт, со оценки за поглед, вртење со очи и слични демонстрации на неверување на сопствени сетила.

Бајката за саудискиот воен договор од 110 милијарди долари

За време на посетата на Трамп на Саудиска Арабија, беше објавено дека САД потпишале договор за продажба на оружје на арапскиот домаќин во вредност од 110 милијарди долари. По зборовите на Брус Рајдел од вашингтонскиот Брукингс институт, "ова се лажни вести".

Маск и Ајгер се повлекоа од претседателскиот совет на Трамп

Првите луѓе на Тесла и на Дизни одлучија да ги напуштат советничките позиции во бизнис панелот, откако американскиот претседател објави дека САД се повлекуваат од Климатскиот договор од Париз.

Трамп ги повлекува САД од Климатскиот договор од Париз

Американскиот претседател веќе ја има донесено одлуката за повлекување на земјата од договорот што минатата година го потпиша неговиот претходник, тврдат за Бибиси два извори од Белата куќа.