Насловните на магазините по килавењето на Трамп околу нео-нацистите

Иако Трамп имаше шанса со неколку празни фрази да ќари лесни поени кај општата популација, неговиот избор на зборови во реакцијата околу Шарлотсвил беше една од најпогрешните комбинации што можеше да ги погоди. Контра одговорот стигна од насловните на некои од најголемите светски магазини.

Во забелешката која ја проследува илустрацијата на насловната на Економист, пишува:

"Неговиот неодлучен одговор содржи страшна порака за Американците. Далеку од тоа да е спасител на Републиката, нивниот претседател е политички неспособен, морално јалов и импулсивно неприкладен за позицијата."


Илустраторот Едел Родригез, кој ја прави насловната на Тајм магазинот, објаснува:

"Тие го искористуваат тоа што им го гарантира знамето - слобода на говор - за дополнително ширење на својата агенда на омраза."


Дејвид Плункерт, кој ја црта насловната на Њујоркер ја објаснува својата инспирација:

"Претседателот Трамп имаше бледо отфрлање на групите на омраза - како тој да се обидува да не ги оддалечи како гласачи – што ме натера да го земам пенкалото."

 

18 август 2017 - 10:47