Во целата своја во најдобар случај невешта, а во најлош случај свесно погрешна реакција кон настаните во Шарлотсвил, Трамп порача дека отстранувањето на конфедерациските статуи е отвара лизгав терен кој може да излезе од контрола. Прашањето на Вилбер Купер во Вајс е - Зошто тоа би било толку лоша работа?
"Повеќе од кога и да е, стари споменици на познати американски белци се под закана во име на прогресот. Природно, ова стана повик за собирање на крајната десница, со многу поддршка и кураж од најмоќниот човек на светот. На истата ментално растроена прес-конференција на која Доналд Трамп повторно ги обвини двете страни за смртоносното насилство во Шарлотсвил, тој исто така престави една слика според која отстранувањето на конфедерациските статуи денес, утре може да доведе до уништување на спомениците на поопшто прифатени робовладетелски икони како Џорџ Вашингтон.
Тој повторно кукаше за оваа иднина во четвртокот, порачувајќи на Твитер дека 'убавината што се отстранува од нашите градови и паркови, многу ќе недостасува и нема да може соодветно да биде замената.'
И ова ме натера да размислам: Ако некогаш го срушиме Рашмор, кој ќе ги замени тие ликови? Всушност, не сум сигурен дека кој било американски претседател заслужува да добие изгравиран портрет во планина изработен со експлозиви и пневматски дупчалки. Секој еден од нив бил барем делумно вмешан во ужасни злосторства," пишува Купер.
Од неговото искуство од посетата на планината Рашмор, тој објаснува дека таа е многу поразличен споменик отколку спомениците на Линколн или Џорџ Вашингтон сместени во главниот град на САД.
"За разлика од нив, Рашмор е сведоштво на човековата способност да ја измени природата по сопствен лик. Стоејќи пред нејзе ме обзема чувства на вчудовиденост и одвратност. Очигледно, Вашингтон и Томас Џеферсон се значајни личност кои помогнаа да се собори британската власт во Америка, и последователно, да се основа нова империја.
Меѓутоа тие исто така имаа свои робови, вршејќи посебни видови нечовечки акти кои никогаш не треба да бидат затрупани само во фуснотите. За жал, токму тоа е начинот на кој овие проблематични вистини се третираат кога се соочуваш со прекрасната грандиозност на Рашмор, споменик кој е толку неверојатен што ја помрачува повеќе-аспектната природа на овие ликови од историјата, трансморфирајќи ги од поединци со капацитет за големина и зло во чисти американски божества," објаснува Купер.
Да нема заблуда тој и Обама го става во претходниот куп на "ни еден претседател не заслужува планина споменик", наведувајќи ги како негови гревови сеопфатното прифаќање на нападите со дронови, неспоредливото ширење на програмите за прислушување, што ги наследи од Буш, и неговиот неуспех да го "растури институционалниот апаратус што ги храни расните неправди."
"Ќе биде невозможно да ја подобриме Америка ако не можеме да бидеме искрени за нејзиното настанување и минато. Нејзиниот плод е роден од насилство и алчност, залеван со крвта на моите предци. За оние кои ја обожуваат на алтарот, овие вистини за кои јас зборувам се ерес. Токму затоа толку многу луѓе се борат толку силно за да ги задржат. Меѓутоа единствен начин на кој Америка би можела да го исполни своето ветување е да се соочи со вистината. Многу голем дел од тој процес вклучува симнување на земја на сите оние луѓе што сме ги поставиле толку високо, каде ќе можеме да ги судиме за тоа какви се навистина...
... Со претседател на САД кој во основа го оправдува нео-нацизмот, изгледа незамисливо дека некогаш ќе го видиме денот кога ќе се направи сериозен исчекор кон рушење на Рашмор и споменици слични на него. Меѓутоа ако дојде тој момент, јас мислам дека ќе бидам согласен. Демистифицирањето на историските ликови од минатото, нивното симнување од планинските врвови долу на Земјата каде што сереле, прделе, плукале, мочале, ебеле, силувале, убивале, умреле и се распаднале изгледа како важна работа за оваа земја. Се додека на овие луѓе им го дозволуваме култот на личноста кој постои без можност за прекор, ние никогаш нема да можеме да го видиме сето ниво добро или сето нивно зло," порачува Купер.