Европските функционери, врз основа на нивни разузнавачки податоци, изјавиле дека Путин верува дека може да го изработи Трамп на Г20 самитот, играјќи на ветувања за соработка во борбата против тероризмот, а за возврат да добие олеснување на санкциите против Русија.
Томас Рајт од Брукингс институтот на Дејли бист им го пренесува својот разговор со Европејците:
„Дефинитивно има нервоза во Европа. Тие се загрижени околу договор што би можел набрзина да биде склучен за време на состанокот.
Путин е многу добар на овие први состаноци. Тој има агенда и знае како да маневрира со луѓето. Ако Трамп не е подготвен, колку повеќе ќе биде во просторијата, толку поопасно ќе биде за него.“
Г20 самитот ќе се одржи во Хамбург на 7 и 8 јули.
Последниот пат Путин во хотелско лоби се сретна со американски претседател на Г20 самит: