Иако две години константно се изненадуваа од Трамп, по Г7 самитот на Сицилија, западните медиуми не можеа да се сопрат повторно да бидат изненадени од американскиот владетел. Овој пат, на германски, француски, дански, италијански и англиски јазик.
За време на првата меѓународна турнеја лидерот на слободниот свет, Претседателот Доналд Трамп го сфати проблемот со првиот впечаток - дека нема втора шанса, пишува Скот Биксби во текстот за Дејли Бист.
Доналд Трамп ги претвори САД во смешка, а тој самиот е опасност за светот. Тој мора да биде отстранет од Белата куќа пред работите да станат уште полоши, пишува Клаус Бринкбаумер во едиторијалот на Шпигел.
Во посетата која ќе се памети по антологиската фотографија на нелагодност, Трамп и Папата по протокол разменија и неколку подароци, без разлика колку никој од нив него сакаше тоа.
Работен наслов: кога ќе ја однесеш жена ти на одмор каде што не и се оди / ај да изгледаме нормални пред роднините. Меланија и во Рим му направи ескиважа на Доналд.
Освен што се клатеа и играа, Трамп и Саудијците тераа бизнис како првиов никогаш да не рекол дека саудиските принцови контролираат американски политичари со пари од татко им.
Наместо да се гледа како на политичар, на Трамп треба да се гледа како на бизнисмен, а на неговите постапки (околу Флин, Русите, ФБИ) како на ЦЕО кој се обидува да ги скрие срамните откритија за својата компанија.
Во падот на американските берзи што следуваше по најновите политички вознемирувања околу Трамп, Русите и што има они да бидат толку блиски, се проценува дека топ 500-те милијардери во светот имаат изгубено 35 милијарди долари. Најлошо минува Зукерберг, со минус од 2 милијарди долари.
Наместо истрага што тесно ќе се фокусира на криминално однесување, решението на прашањата околу Трамп и неговите соработници е составување на независна комисија, пишува уредникот на Атлантик, Дејвид Фрум.
Не дека и претходно немаше романи кои од далеку најавуваа можност некој како актуелниот 45-ти претседател на САД да го преземе кормилото на земјата. Но новата книга на Хауард Џејкобсон е опишана како „брутална сатира која ги повикува сите писатели на активен отпор“ кон човекот кој сега има име, презиме и еден фин епитет, кој е просто греота да се троши за опис на ликови како него.
Сто дена подоцна и најмалку два пати повеќе разумни забелешки и аргументи, и симпатизерите на Трамп почнуваат да ја воочуваат грешката што ја направија. Може е доцна за ова гласање, ама барем нема да им се повтори грешката на следните избори.
Кога пред една година (време во кое сериозно големото мнозинство либерали беа блажено среќни во својата увереност во победата на Хилари) Мајкл Мур предвиде дека Трамп ќе биде победник на изборите најголемиот дел од "неговите" не се мачеа ни да се нервираат со тоа што го збори, туку свртеа на смеење.
Иако заморот е како веќе да сме 5-та сезона од серијата, на 29-ти април се комплетираат само првите 100 дена на Доналд Трамп како претседател на САД. Добро, до сега не тргна во ниту една војна. Лошо, многу од останато.
Нешто налик секој добар филм околу Студената војна, Трамп на своето биро во Белата куќа има инсталирано црвено копче. Нешто налик Симпсонови стискањето на копчето активира - носење Кока-кола.
На списокот работи за кои Трамп откри дека се "покомплицирани отколку што некој можеше да замисли" (покомплицирани од твитање за нив) до сега (меѓу другите) ги има: Северна Кореја, Кина, Сирија, здравствената заштита и спасување на индустријата за производство на јаглен.
Алан Лихтман го спомнавме лани есента, кога и покрај тоа што ги имаше точно погодено последните 9 претседателски избори во САД, беше масовно исмеван од своите колеги кога збореше дека Трамп ќе стане претседател. Сега, по негови зборови, Трамп "е поранлив на импичмент отколку кој било друг претседател на САД на почетокот од својот мандат".
По наредба на американскиот претседател, и без никаква дозвола или одобрување од О.Н., два американски воени брода во источниот Медитеран - УСС Портер и УСС Рос - испукаа 60 крстосувачки ракети на Сирија, конкретно на воздушната база Шајрат, затоа што Трамп одлучил дека тоа е во согласност "со виталните американски национални безбедносни интереси".
Историчарите може ќе го памтат Алек Болдвин како најкорисниот сојузник на Трамп, откако неговите имитации на американскиот претседател во СНЛ го претворија Трампизмот во фарса, ослепувајќи ги противниците кон сериозноста на неговата идеологија, пишува директорот на Европскиот совет за надворешни работи, Марк Леонард.
Што е најголемото зло што Трамп може да им го направи на Индијците? Да им ги врати назад сите иселеници што се преселиле од Индија во САД, "тоа роднините со надуено его, погрешно чувство за успех и лажен акцент, па тие не се трпат кога ќе се вратат за одмор на неколку недели, а не па за трајно..."
Њујорк Тајмс на психијатриски кауч го става Доналд Трамп и неговиот терсене табиет заради кој никој во Белата куќа не смее да помисли да му зуцне а не па да му каже дека некаде погрешил или претерал со Твитер. Освен еден човек.
Доаѓањето на нов претседател на САД, значи и промена за чие објаснување ќе треба да се решат три мистерии, затоа што постојат три верзии на Трамп, пишува професорот од Универзитетот Колумбија, Џефри Сакс.
Атлантик пишува "Трамп го смени тонот", Вашингтон пост и Л.А. тајмс го забележуваат истото околу тонот, Бизнис инсајдер пишува дека Трамп го има својот прв претседателски момент.