Доналд Трамп не е способен да биде претседател на САД. Тој не го поседува потребниот интелект, ниту пак го разбира значењето на позицијата што ја има, ниту задачите поврзани со неа. Тој не чита. Тој не се малтретира да прегледува важни документи и разузнавачки извештаи и знае многу малку околу темите што ги идентификуваше како свои приоритети. Неговите одлуки се каприциозни и се донесени во форма на декрет на тиранин.
Тој е човек ослободен од морал. Како што покажа стотици пати, тој е лажго, расист и измамник. Се срамам што користам зборови што се вака остри и гласни како што се. Ама, ако тие важат за некого, важат за Трамп. А една од задачите на медиумите е да продолжат да ги кажуваат работите како што се: Трамп мора да биде отстранет од Белата куќа. Брзо. Тој е опасност за светот.
Трамп е мизерен политичар. Тој го отпушти директорот на ФБИ просто затоа што можеше да го направи тоа. Џејмс Коми му влезе под кожа со својата истрага околу блиските луѓе на Трамп. Коми исто така одби да се заколне на лојалност и верност на Трамп и ја да откаже истрагата. Тој мораше да биде сменет.
Сведоци на американската трагедија
Трамп исто така е мизерен шеф. Неговите луѓе измислуваат лажги за него и лажат во негово име затоа што мораат, и после Трамп ќе се разбуди и ќе твита работи што се спротивни на она што тие го кажале. На него не му е гајле што неговиот портпарол, неговиот Државен секретар и неговиот советник за национална безбедност само што негираа дека претседателот ѝ предал на Русија (од сите можни држави) чувствителни разузнавачки податоци добиени од Израел (од сите можни држави). Трамп твитна: Да, да, го направив тоа, затоа што можам. Сепак јас сум претседател.
Во Белата куќа ништо не е како што треба. Сите што работат таму се компромитирани по неколку пати и сега сите тие се презираат меѓу себе - и сите освен Трамп го презираат Трамп. Заради тоа, по само 120 денови од администрацијата на Трамп, ние сме сведоци на американска трагедија за која има пет теоретски решенија.
Првото е оставка на Трамп, што нема да се случи. Второто е републиканците во Домот и Сенатот да дадат поддршка за импичмент, што би било оправдано од докажаните опструкции на правдата од страна на претседателот, ама тоа нема да се случи заради жедта за моќ на републиканците од која нема да се откажат. Третото можно решение е повикување на 25 амандман, кој бара членовите на кабинетот да го прогласат Трамп за неспособен и да го сменат од позицијата. И ова исто така е малку веројатно. Четврто, демократите да се вратат во борбена состојба и да го освојат мнозинството на Домот и Сенатот на следните избори, кои се за 18 месеци, пред да се посветат на втората опција - импичмент. Петто: меѓународната заедница да се разбуди и да најде начин како да ја заобиколи Белата куќа и да се ослободи себе си од зависноста од САД. За разлика од претходните четири опции, петата не го решава директно проблемот со Трамп, ама без разлика е неопходна - и возможна.
Нема цели и нема стратегија
Пред неполни две недели, голем број експерти и политичари фокусирани на надворешна политика се сретнаа во Вашингтон на покана од Минхенската конференција за безбедност. Не беше тешко да се почувствува атмосферата на хаос и агонија која се спушти над градот.
САД избраа смешка за претседател и сега станаа зависни од смешка. Земјата, како што Дејвид Брукс неодамна напиша во Њујорк тајмс, е зависно дете. Администрацијата на Трамп нема никаква надворешна политика затоа што Трамп постојано ветува американско повлекување додека ја покажува американската сила. Тој вети и дека повеќе нема да војни и дека ќе има повеќе војни. Тој ги носи одлуките во зависност од неговото расположение, без стратешка конзистентност или тактичка логика. Москва и Пекинг ѝ се смеат на Америка. На другите места, луѓето се загрижени.
На Пацификот, воените бродови - американски и кинески - кружат еден околу друг на мала оддалеченост. Конфликтот со Северна Кореја ескалира. Кој може да биде сигурен дека Доналд Трамп нема да ризикува нуклеарна војна само за да ја спаси сопствената кожа? Обидите да се спречат климатски промени се заглавени и многумина очекуваат дека САД ќе се повлечат од Парискиот договор затоа што Трамп е свесен за обврските. Кризите, вклучувајќи ги оние во Сирија и Либија, ескалираат, ама повеќе не се разговара за нив. А и со кого би требало да се разговара? Телефонските разговори и мејлови до Стејт Департманот остануваат неодговорени. Ништо не е регулирано, ништо не е стабилно, а транс-атлантското партнерство речиси и да не постои. Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел и претседателот на комисијата за надворешни работи на Бундестагот, Норберт Ротген, летаат натаму - наваму ама Германија и САД повеќе не се разбираат еден со друг. Речиси нема никаква вистинска комуникација, и нема заеднички надворешно-политички цели и нема никаква стратегија.
Во Игра на тронови Лудиот крал беше убиен (и детето што го наследи не беше ништо подобро). Во реалниот живот, на тронот на најважната земја во светот седи несозреано дете. Тој може, во секое време, да издаде катастрофална наредба која веднаш ќе биде извршена. Токму затоа родителите не можат да дозволат да го тргнат погледот од него ниту на секунда. Тие не можат да потпаднат под уморот затоа што тој е толку тежок. На крај тие ќе треба да го испратат него во соба - и да им ја вратат моќта на возрасните.