Френклин Рузвелт се води како рекордер по завршени работи во првите 100 дена. Доаѓа на власт за време на Големата депресија, носи неверојатен број на закони и го започнува Новиот договор.
Тој е и една од причините што првата стотка се зема како бенчмарк за работата на претседателот, втората е што по самото влегување во Белата куќа, новиот претседател го има најголемиот политички капитал за спроведување на својата агенда.
Тоа не значи дека во првата стотка работите се подмачкани за новиот владетел на САД. Реган беше застрелан во првите сто дена, Бил Клинтон мораше да се бори со "не прашувај, не кажувај" политиката на американската војска, Буш го бомбардираше Ирак, а Обама се справуваше со сомалиски пирати.
Трамп во овој период потпиша 29 закони, што е повеќе од кој било претседател од 1993 до денес. Исто е и со извршните нареди, Трамп ги има вкупно 30, претходните тројца заедно имаат 43. Тој успеа да извади и добра стапка на невработеност, ама тоа му успева и на Буш откако доаѓа на власт по двоен мандат на претседател од Демократската партија.
Исто така во првите 100 тој има одиграно два пати повеќе партии голф отколку тројцата претходни претседатели заедно.
Вака стојат 100-те дена на Трамп во споредба со Обама, Буш и Клинтон: