Тогашните предвидувања на Лихтман, инаку професор по американска историја на Универзитетот на Вашингтон, се базираа на методологија што тој ја има развиено пред 3 децении и точно ги предвидува сите претседателски избори од тогаш. Клучно во тоа е што не обрнува внимание на анкети или експерти, ниту на дневни настани од кампањата, туку се води по неговиот систем Клучевите до Белата куќа.
"Основната теза е дека треба да ја следиш големата слика за силата на партијата на Претседателот што е на функција. Овој пат Демократите имаа многу ранливости без разлика кој е нивниот кандидат, или кој што направил за време на кампањата.
Партијата прими удари на изборите во 2014; актуелниот претседател не можеше пак да се кандидира; имаа продолжена битка во партиските избори; по Омабакеар не се изборија за ниту една голема политика во вториот мандат на Обама," објаснува Лихтман.
Откако се покажа во право, а Трамп и му честиташе за тоа на Твитер, Лихтман даде второ предвидување, дека тој ќе стане третиот претседател на САД што бил сменет на функцијата. Во врска со ова второво тој објави и книга под наслов The Case for Impeachment.
За разлика од изборите за кои има многу материјал, тврдењето на импичмент не се базира на формална методологија, затоа што до сега имало само 3 такви случаи, туку се базира: на изучување на историјата, ранливостите на Трамп, посебно тие што произлегуваат од неговата бизнис кариера, и првите недели во Белата куќа. Севкупно тој идентификува 8 одделни основи по кои Трамп е подложен на импичмент.
Како најсериозна закана за мандатот на Трамп, Лихтман ги смета обвинувањата за поврзаност со Русите, бидејќи "предавството е една од најексплицитните уставни основи за импичмент".
Освен предавство, најверојатно обвинение за соборување на Трамп би бил судир на интереси, "Белата куќа носи бројни одлуки кои можат да влијаат на профитабилноста на бизнисите на Трамп низ светот, и иако тој можеби не раководи со нив, тој знае во општа смисла кои политики можат да влијаат на нив и како да генерира профит од тоа".
Доколку ова се случи, Лихтман предвидува дека негов наследник ќе биде потпретседателот Мајк Пенс.