Трамп вс. Меркел, на повеќе јазици

Иако две години константно се изненадуваа од Трамп, по Г7 самитот на Сицилија, западните медиуми не можеа да се сопрат повторно да бидат изненадени од американскиот владетел. Овој пат, на германски, француски, дански, италијански и англиски јазик.

Шокираноста сега доаѓа од тоа што Трамп одлучи да го направи она што цело време го најавуваше: ревидирање на позицијата и членството на САД во најразлични меѓународни договори и организации. Па Трамп во саботата одби да го потпише заедничкиот документ за спроведување на Климатскиот договор од Париз, а потоа ги нападна сојузниците од НАТО за тоа што не инвестираат доволно во воената алијанса.

Колумнистот на Зидојче Цајтунг напиша "Ein kapitaler Fehlschlag" што на германски му доаѓа "апсолутен неуспех".

Дански Политикен напиша дека првата прекуокеанска турнеја на Трамп "ја уништи секоја илузија дека тој можеби е подобар отколку што се стравуваше: тој е подеднакво лош како што се стравуваше." Дејвид Фрум во Атлантик патот го опиша како "катастрофа за американско-европските односи". Италијанска Ла Република го претстави Трамп како човекот што го саботираше Г7 самитот.

Најразорувачкиот коментар дојде во неделата и тоа од германската канцеларка, Ангела Меркел, која порача дека Европа повеќе не може да се потпре на САД како што тоа го правеше од Втората светска војна:

"Ние, Европејците, мораме да ја земеме нашата судбина во наши раце. Времињата во кои можевме комплетно да се потпреме на други се веќе поминати. Тоа е моето искуство од последниве неколку денови."

Еден ден подоцна, Ле Монд, за време на средбата на рускиот претседател со новиот француски претседател, забележа друга симболичност во декларацијата на Меркел: "Кога Ангела Меркел вели 'ние, Европејците,' таа испраќа повик до Франција, единствената алтернатива во случај Американците и Британците навистина си заминат засекогаш".

Хенри Ферел од Вашингтон пост, пишува дека сигналот што го испраќа германската канцеларка би можел да потресе голем број светски сојузништва:

"Ако сегашната американска администрација одлучи дека повеќе нема потреба да се потпира на сојузниците како до сега, и тие сојузници одлучуваат дека повеќе не можат да се потпираат на Соединетите држави."

30 мај 2017 - 11:27