Трамп го формираше советничкиот бизнис панел кратко по победата за да покаже како неговата администрација ќе ги измени САД со "собирање на експертиза од приватниот сектор".
Според Гардијан заминувањето на овие двајца е катастрофа за американскиот претседател. Трамп одлуката за напуштање на Договорот од Париз ја оправдуваше со економски причини, иако најголемиот дел од големите компаниите беа против тоа.
Работите за Трамп, и логиката дека ова го прави за економското добро на САД, дополнително ги искомпликува Лојд Бланкфин, првиот човек на Голдман Сакс, кој го критикуваше Трамп дека неговата одлука е штетна за животната средина и за позицијата на САД во светот.