"Излезе дека без разлика колку многу искуство од реално-шоу човек има во себе, тој не може со еден потег на прстите инстантно да ги реши највознемирувачките проблеми на нацијата.
Кој да знае?
Тешко е човек да не биде вознемирен од нивото на обука на работно место што му е потребна на Трамп. Уште потешко е да се спречиш да гледаш со презир кон неговото тековно откривање на претседателството," пишува Мишел Котл во текстот за Атлантик.
Нејзе ја интересира исходот од хипотетичкото сценарио во кое Трамп со целото свое политичко незнаење фати на јуриш да ги решава реалните проблеми на САД и светот. И на нејзе и е јасно дека сето тоа звучи сулудо, ама па од друга страна надеж и дава дека може ќе го дочека тоа бидејќи Трамп целата кампања ја истера на ветувањето дека брзо и коренито ќе ги реши проблемите.
"Додека политичките елити сакаат да ја игнорираат необразованоста на политиката и владеењето на Трамп, не е дека тој е нешто полошо информиран отколку просечниот Американец.
Во политиката, не се исплати да изгледаш премногу паметно.
Ова, очигледно, не е проблем за Трамп. Тој се гордее со тоа што повеќе му верува на својот инстинкт отколку на книгите или релевантните искуства. Тој многу повеќе е загрижен околу јавното мислење за големината на неговите раце, отколку за неговиот мозок. И никој нема да го обвини дека е претерано интелектуален или елоквентен оратор.
Во политика-за-почетници стилот на Трамп дури и најзамрсените проблеми можат да бидат претставени пред гласачите без тие да се чувствуваат како некој да им се прави паметен. Ова е олеснето и од тоа што Трамп ќе ја пренесе информацијата на едноставен јазик како што нему му било објаснето," пишува Котл.
Позитивно е што тој до сега покажа подготвеност да признае дека дознал некоја нова информација која ги има премислено или изненадено (на пример пред некое време дозна дека Линколн бил Републиканец).
"Дали постои политички ризик од тоа? Секако. Бидејќи дојде на власт со демагогија, обвинувања, лаги и ветувања, Трамп може да заглави кај големиот број негови фанови кои не сакаат да чујат зошто тој не може магично да ги реши нивните проблеми и тоа одма. Меѓутоа дури и ако мал дел од нив слушаат, тоа ќе биде одлична услуга за јавноста - не само за неговите гласачи туку за целата земја.
Како што Трамп брзо открива, да се биде претседател не е само да се објавуваат прогласи и сила да ги тераш сите да прават ти што сакаш. Тој ќе направи добро ако му помогне на електоратот да разбере дека неговата работа, всушност е многу, многу покомплицирана од тоа," порачува Котл.