Таг: деца

Родители не се луѓе

Глупо е што децава е толку лесно да ги лажеш, ама спектакуларно е колку се понекогаш зелки. Нормално за некој година ќе го изгледа видеово, ќе му го памти, па ќе се чуди стариов кога ќе заврши во старечки дом.

Колку чини да одгледаш дете во Америка

Крајната сума што ќе ја потрошите не зависи од детето колку бара, толку родителот колку има да потроши. Некаков просек за фискалната што ќе ја добие Американецот кога ќе стане возрасен е меѓу 250 и 300 илјади долари. Куче е десет пати поевтино.

Распуст

Мојот омилен непријател ми вели: Тато, 10 дена без вас родители ќе се изнауживам. Доволно е што нема да ве гледам и слушам. Како да ѝ објаснам дека мене ми е поубаво?

Елементарни непогоди

Кога ќе ја чуете оваа фраза од вашето злато најдрагоцено, од оноа суштество на кое досега безрезервно сте му се посветиле, вашата надеж, вашата среќа, вашата солена пот. Ви доаѓа да го олабавите со бекхенд како на Надал што го олабави Нолета у Париз. Ма каков тенис, веројатно раката ви игра како на Мел Гибсон у Медмекс кецот пред да ја фати змијата за гуша.

Дома е постресно отколку на работа

Да, шефот знае да биде шупак и колегите да бидат неподносливи ама апарентли, 8-те работни часа испаѓаат најопуштениот дел од денот. Стресот живее дома.

Избори!

Збунете го непријателот, испијте кафе со него. Играјте игра што вие ќе ја започнете. Всушност, занимавајте ги уште на почетокот на вашиот мандат, додека тие се мали, неискусни. Инвестирајте во нив, градете згради од коцки, правете театар од стари столици, наоружајте се со гаџети, видео игрици (има и едукативни!!!) и спортски реквизити. И секогаш имајте подготвена кампања. Ако доволно ги збуните, тогаш полесно ќе се приклонат кон средната, посигурната варијанта, онаа варијанта која и Вам повеќе ви одговара. Бидете добар политичар, и на зборови, ама и на дела.

Вашето дете е Вашиот најголем непријател

Дали некогаш навистина сте го помислиле ова? Најверојатно не сте, затоа што тоа е и најголемата предност на овие деца. Учат од вас, ве студираат, купуваат финти, совршено го разбираат јазикот на возрасните, и сето тоа за да стасаат до оној момент, Ди-Деј во нивниот живот, моментот кога ќе се почувствуваат јаки, ќе го отфрлат оној прекрасен кожурец во кој до пред некој миг биле обвиткани, и ќе се претворат во тинејџери.

Јуве “го освои“ Скудетото пред 12.000 деца

Пред неколку дена пишувавме за генијалната идеја на италијанскиот шампион кој побара од Италијанската фудбалска федерација гостинските трибини кои поради казна беа затворени ова коло, да им ги отвори само за деца. Идејата веднаш им беше прифатена, а Јувентус привлече не 6.000 како што најпрвин беше најавено, туку двојно повеќе млади навивачи кои се радуваа на победата против Удинезе во судиското продолжување.

"Лесно е да го родиш"

Во некои од американските кругови постои загриженост од фактот што фертилитетот на американската жена е на рекордно ниско ниво. Па паника што ќе стане со нацијата и слично. Разумните потсетуваат дека наместо за бројките, попаметно е да се води сметка за поддршка на постоечките семејства.

Кафка за деца

Двете ќерки на Матју Рот, 34-годишен писател и дизајнер на видео игри од Бруклин, многу му досаѓале со прашања дур едно попладне се обидувал да прочита неколку реда од омилениот писател. Неговото решение - книга со неколку раскази на Кафка, прераскажани ко за петгодишни.

Д Учителка

Кога сите во основно би поминале низ ваква симулација на расизмот, во која според многу обичен клуч - бојата на очите - во една верзија би се почувствувале супериорно, а во другата како ѓубре, можеби светот би бил подобро место за живеење.

За малите супер херои

JWT, заедно Ворнер Брос и А.Ц. Камарго центарот за рак во Сао Паоло, изработија супер моќна кампања која треба да направи децата болни од рак помалку да се исплашени од хемотерапија.

Да се има дете, или не?

Дилемата да се имаат деца или не кај обичниот човек варира меѓу решенијата а) да и б) не. Сè додека во муабетот не упадне филозоф (и тоа жена), кој ќе ти објасни дека се работи за епистемолошко-трансформативно искуство.

Републиканска педагогија

Запознајте се со Чарли Фукуа, кандидат за републикански пратеник во претставничкиот дом на Арканзас, кој освен намалување на даноците и отворање нови работни места се залага и за воведување смртна казна за непослушни и бунтовни деца.

Ова е неиздржливо

Луѓево успеале да најдат еден куп деца што никогаш во живот немаат пробано сладолед и го снимаат нивното прво искуство. Повеќе радост ретко кога имате видено.

После растење нема каење

Пoстои една единствена работа за која се каат огромниот дел родители: што многу работеле додека децата им биле мали.

Нашето најголемо пештерско богатство

Советот на еден од највлијателните американски педијатри за тоа како да му зборувате на вашето двегодишно дете гласи: третирајте го како да е мајмун или во најдобар случај, човек од пештера.

Пиле на мајка

Без разлика колку родителот е уверен дека неговото дете е генијално, до 7 годишна возраст тоа има логика отприлика колку птиците.

Не е Бранко ама е коцкица

30-тите години на минатиот век звучат како романтичен период на родителството. Се имало и време и простор и сè што треба да им биде убаво на најмалите членови на семејството. А имало и изуми да им биде уште поубаво.

Добри родители на ужасни деца

Кога ќе стигнеш до тоа општеството да измисли збор за некоја ситуација, можеш да бидеш сигурен дека имаш проблем. Збор: adultescence - состојба на беспомошност на возрасните деца во Америка.

Што е со татковците?

Улогата на татковците во животот на децата од научен аспект, вон нивните "логистички" задолженија. Нешто треба да направат, нешто само си доаѓа.

Малиот голем композитор

Како би ви било да имате 10 години, и музичкото парче кое сте го компонирале да го свири Њујоршката, или, зошто да не, Македонската филхармонија?

Рејдиохед низ детски уши

На неколку деца од отприлика 5-7 години, значи пред школото да им ги затапи сетилата и од нив да направи мали уметнички медиокритети, им ја пуштаат Paranoid Android од Рејдиохед. Нивните осврти кон делото се бесценети, и стварно имаат смисла.