Колку чини да одгледаш дете во Америка

Крајната сума што ќе ја потрошите не зависи од детето колку бара, толку родителот колку има да потроши. Некаков просек за фискалната што ќе ја добие Американецот кога ќе стане возрасен е меѓу 250 и 300 илјади долари. Куче е десет пати поевтино.

Во извештајот на Департманот за земјоделие трошокот за одгледување деца (од почеток до крај) е 245.000 долари за родителите со годишни приходи меѓу 61 и 106 илјади долари. За тие над 106 илјади просекот расте на 407.820 долари.

Просекот (кај семејствата со средни приходи) варира и во зависност дали се од рурални краеви или од град: 193.590 долари наспроти 230.610 долари (во урбаниот Југ) и 282.480 долари (во урбаниот Север).

Сумата за одгледување дете со децении се движи околу ова ниво. Во 1960-та, кога е првиот извештај, трошоците се околу 25.230 долари за дете, адаптирано според инфлација, во пари од 2013-та тоа би изнесувало 198.000 долари.

Ако ви е за споредба, чување куче со средна големина во САД ќе ве чини од 12.468 долари до 38.905 долари за 14 години.

19 август 2014 - 11:58