Клипот покажува една храбра учителка, од оние старовремските со тегли-наочари и фризура ко од седумдесетите, како спроведува една поучна, но и опасна игра, која невини и добродушни деца за неколку часа може да претвори во најголеми шовинисти. Ако Станфордскиот затворски експеримент нè стави на мисла, овој со децата дефинитивно ни ги потврди стравовите - дека расистот не се раѓа, туку се создава.