Како што најави, во 18 часот по американско источно време Такер го објави интервјуто со рускиот претседател снимано само два дена претходно во Москва. Интервјуто трае околу 2 часа, и до сега само на Твитер погледнато е 65 милиони пати. Премиерата на интервјуто беше на ТЦН мрежата на Такер.
Комбинацијата на прва звучи необично, но режисерката на новиот биографски филм за Ејми тврди дека Ник и Ворен создале длабока и трогателна музика која одлично ја доловува судбината на пејачката која почина на само 27 години.
МинтПрес анализирале како големите американски медиуми ја покриваат јеменската блокада на Црвеното Море и тензиите во тој регион, откривајќи огромна пристрасност. Ситуацијата се објаснува како резултат на агресивен тероризам од страна на Ансар Алах (попознати како Хути), додека САД се опишуваат како неутрален актер со добра волја кој несакајќи бива вовлечен во блискоисточниот конфликт.
Франција има 25.000 судии, Германија 50.000, а Македонија само 40 судиски парови, од кои 7 меѓународни. Двајца од нив се дел од европската елита, и се неизоставен дел од најголемите ракометни битки. Слушајте ги внимателно во една релаксирана и забавна атмосфера за да сфатите колку се стручни момците.
Мики ван де Вен има 22 години и веќе е стандарден стопер во Тотенхем каде дојде во август минатата година. Младиот Холанѓанец веќе има два настапи за репрезентацијата на Холандија, а на мечот против Брентфорд на 31-ви јануари поставил нов неверојатен рекорд како најбрз играч во Премиер лига. При еден спринт постигнал брзина од 37,38 км/час и тоа е најбрз трк во историјата на англиската лига.
Во рамки од аргентинскиот Куп Ривер Плата играла против нисколигашот Ексурсионистас и славела 3-0. Ова било прилика тренерот Мартин Демикелис да проба некои помлади играчи, па шанса добил и 16-годишниот Франко Мастантуоно. Овој фудбалер е роден во август 2007-ма година, игра за Аргентина У-17 а влезе во клупската историја на Ривер како најмлад стрелец на гол на своето деби.
Навивачите на Бока се светски познати за најлудите амбиенти кои ги прават на нивната „Бомбонера“ и каде и да игра нивната екипа. А ретко кога некој ги видел какви се на кошарка. Во сала.
Тимот на Чаби Алонсо не само што води битка за титулата во Бундеслигата, туку ако продолжи во овој стил ќе може да се радува на двојна круна. Синоќа два пати губеа од Штутгарт во Купот и на крај славеа со пресврт од 3:2 во 92-ра минута за пласман во полуфинале. Роберт Андрих го има потегот на мечот со префинет удар во агол.
Кога пред некоја година европските креатори на политики ги фати паника дека ќе нема гас за следната зима, наложија да се накрцкаат складиштата. И се накрцкаа, ама по ужасно големи цени кои и ден-денес ги држат сметките за домаќинствата високи. Мудрите европски глави решиле за течен гас да се потрошат 1,1 трилион долари, двојно повеќе отколку што би било потребно за да се обнови Украина.
Во минатото коло Абердин одигра 1-1 против шампионот Селтик а злато вредниот бод им го донесе Бојан Миовски, македонскиот центарфор кој игра во животнa форма во Шкотска. Синоќа постигна гол и против вториот шкотски гигант Ренџерс и отвори широка дебата околу неговата иднина.
Веста дека ФИФА ги соопшти стадионите на кои ќе се игра следниот Мундијал 2026 во САД, Мексико и Канада ги заинтересира љубителите на Светски фудбалски првенства, а особено љубопитно се коментираа арените на кои ќе се игра првиот и последниот меч.
И во претходните, одлични сезони на „Вистински детектив“ на ХБО имало окултни елементи, вуду и мистерии. Ама четвртата сезона, чија премиера се случи на 14 јануари 2024, односно во досега емитуваните три епизоди, изгледа оди чекор понатаму во тину-нину-то.
Емили Купер живее живот од соништата во Париз - ако не е чоколаден кроасан, инфлуенсерски настан, или помагање на клиент да се спреми за Модна недела, тогаш е пауза со патување во замоци или Сен Тропе. Колку чини сето тоа? Спојлер: Не се постигнува.
За време на мечот од бразилската Копа до Нордесте меѓу екипите на АБЦ и Марањао, гостинскиот бек Иан Балдез направи таква глупост што судијата ја забележал и го досудил најчудниот пенал што некогаш е досуден за ваква ситуација.
Швајцарскиот скијач Даниел Јул триумфираше во француски Шамони во трката во слалом во рамки на Светскиот Куп иако после првата рунда беше дури на 30-та позиција со речиси теоретски шанси да направи нешто.
Легендарниот јужноамерикански голман кој загуби од Панчев и дружината на Мундијалот во Италија, има освоено Копа Либертадорес, стрелец е на 43 гола во кариерата, но и неправедно бутнат 9 месеци во затвор поради што го пропушти Светско во САД.
Universal Music ќе ги повлече своите милиони песни од ТикТок откако преговорите на оваа тема пропаднаа. Се разбира, се работи за пари. Овој потег би значел дека социјалната платформа повеќе нема да има пристап до песни на артисти како Тејлор Свифт, The Weeknd, Дрејк.... Тие држат околу 30 посто од светската музика а ТикТок има над милијарди корисници.
Четири години по набавката САД и понатаму е упорен дека Турција треба да се откаже од рускиот С-400, а стимул за тоа е дека Вашингтон ќе се прави како ништо да не било и пак ќе ги вклучи Турците во Ф-35 програмата.
Легендарниот италијански напаѓач успеа да остане концентриран и да гледа во амблемите на клубовите, според кои треба да погоди за кој играч се работи. Заврши со 4/4.