Солзи со бекграунд

Ако некој ви раскажува како е во неговиот/нејзиниот брак или врска, можете да завршите убедени дека СТВАРНО знаете што се случува таму. Додека не ја слушнете другата страна. Ова е таква приказна: расплакана самохрана се снима како сама си прави роденденска торта, само за да можат нејзините деца да се радуваат додека ѝ пеат хепи брдеј. Тоа проаѓа масовно на интернет. А потоа се јавува таткото.

Еве ја неа:

Ете го сега и него, екс сопругот со кого имаат деца, за да додаде неколку детали од нивната приказна: таа за алиментација должи големи пари (21.000 долари), била обвинета за фалсификување чек од милион долари, не работи, лажирала дека има рак....

На крај повторно се јави таа, со приказна дека нејзиниот бивш сака да ѝ го уништи животот затоа што е - саентолог (?).

Наравоучение:

Не се пика прст во две работи - во врата и во туѓ брак.

 

26 мај 2024 - 10:34