Сте слушнале ли за правилото „90/90/1“?

Можете да се доближите до остварување на целите што сте си ги поставиле, и тоа за три месеци, според ова правило за подобрување на себе.

Вака оди:

Во следните 90 дена, посветете ги првите 90 минути (или било кои 90 минути) од денот на постигнување една цел, без да си одвлекувате внимание. Телефонот нека ви биде на тивко, не закажувајте ништо за тие 90 минути и фрлете на тоа што најмногу сакате да го постигнете. Правете го ова три месеци.

Ако сте доследни, логично е дека ќе постигнете голем напредок.

Идејата е да се обврзеш на бегање од зависноста од телефонот, и да се фокусираш на една единствена цел 90 минути дневно, 90 дена. На тој начин се ставаш во ситуација навистина да се доближиш до целта. Има и истражувања кој велат дека креирањето на позитивни навики е клучно за постигнување долгорочни цели.

Може да помогне и ако сте конкретни: Целите функционираат, но не треба да бидат премногу општи. На пример, наместо да се обврзете да прочитате 50 книги годинава, обврзете се на 20 страни дневно. Поставувањето на помали, полесно достижни цели е полесно.

И не кажувајте никому за целта: Истражувањата покажуваат дека објавување на целите што ги имате само за вас предизвикува потешко да ги достигнете. Пофалете се за крајниот резултат, не морате за намерата.

Проверувајте до кај сте: Кога си го гледаш прогресот, колкав и да е, мотивацијата е поголема да продолжиш. И фино би било да се наградува човек за напредокот што го постигнува. Слободно организирајте си частење на секоја етапа од патот до целта.

На крај, да не забораваме дека цели 90 минути, цели 90 дена звучи малку страшно. И тоа не е проблем, затоа што може да се проба и 30 минути - 30 дена. Многу ви е? Ај, 15 минути - 15 дена.

Па да видиме.

8 февруари 2024 - 09:53