Бојан прави шоу: по Селтик, Миовски го матираше и Ренџерс

Македонскиот репрезентативен центарфор продолжува со сјајните партии и заслужено е во фокусот на британската фудбалска јавност. Откако постигна прекрасен гол против гигантот Селтик, Бојан Миовски вечерва ја затресе мрежата и на вториот најтрофеен шкотски клуб Ренџерс и тоа на култниот стадион „Ајброкс“.

Ренџерс поведе во 7' минута преку Матондо а Миовски го смрзна стадионот со гол во 45' минута. Абердин игра под водство на новиот тренер, англискиот ветеран Нил Ворнок.

Ова е вкупно 20-ти гол за Штипјанецот сезонава, а дури 13-ти во шкотскиот Премиершип со што е на високото второ место на листата на стрелци.

6 февруари 2024 - 22:28