Престижниот натпревар Badel Masterclass ги повикува сите вешти бармени од Македонија, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина да се приклучат на најголемиот регионален предизвик за парична награда од 30.000 евра и титула Master of Mixology.
Организаторите Бадел 1862 велат дека овој возбудлив настан е повеќе од само натпревар. Целта е да се негува една силна заедница на страсни коктел мајстори кои преку споделена размена на знаење градат трајни пријателства, се инспирираат еден со друг и колективно ја слават својата љубов кон миксологијата.
„Освен богатиот награден фонд, нашиот натпревар е создаден да инспирира и мотивира приклучување на заедница на страсни бармени. Ние веруваме во моќта на споделеното знаење, пријателството и славењето на креативноста која е својствена за оваа професија“, велат од тимот на Бадел 1862.
Домаќините на настанот и членовите на стручното жири се харизматични и искусни миксолози кои ќе ги водат натпреварувачите низ низа возбудливи предизвици, тестирајќи ги нивните вештини, приспособливост и креативност.
Пријавувањето е веќе отворено на веб-страницата Badel Masterclass и ќе трае до 16 февруари. Сите полнолетни кандидати кои живеат во Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина треба да се пријават во нивните земји, а на конкурсот во Белград може да се пријават кандидатите од Црна Гора.
Покрај паричната награда од 30.000 евра, највештиот и најкреативниот бармен ќе има можност да стане амбасадор на брендот Бадел. Второнаградениот ќе добие 4.000 евра, а на третопласираниот ќе му биде доделена награда од 2.000 евра.
Возбудливиот натпревар ќе се одвива во 3 круга, од 18 февруари до 16 април.
Почетниот онлајн тест на 18 февруари ќе го оцени теоретското знаење на кандидатите преку брзината и точноста на одговорите.
Најдобрите 100 ќе се пласираат во вториот круг, во кој по 20 кандидати на настаните во Скопје, Загреб, Љубљана, Сараево и Белград ќе се борат за место во големото финале.
Третиот и последен натпреварувачки круг ќе ги собере најдобрите од сите земји учеснички. Овие финалисти ќе се борат за престижната награда од 30.000 евра во Загреб од 8 до 16 април.
За детални информации и пријавување посетете ја официјалната веб-страница на Бадел Мастерклас
(Комерцијален текст)