Прв пат во историјата на Светскиот Куп се случило некој скијач да направи толку голем скок и на крајот да слави победа.
Некои коментатори велат дека поради топлото време и високите температури патеката во еден момент станала „каша“ а во такви услови (старт на 1.100 метри надморска висина а температура преку 10 степени Целзиусови) најдобро се снашол Швајцарецот Даниел Јул.
„Апсолутно неверојатно! Морам да кажам дека бев премногу среќен што останав 30-ти после првата рунда, но после успеав да извозам неверојатна втора рунда. Долго време чекав долу но вредеше. Веќе си ги спакував куферите и бев спремен да си одам во хотелот назад, но потоа добив шанса да возам втора рунда. Си помислив, ’океј, топло време е, имаш совршена патека така што може да одиш да се бориш за топ10 или нешто, но ни на сон да помислам дека ќе победам“.
Јул ја извозел патеката со време 1:36,24 односно за 0,16 секунди побрзо од вториот Лоик Мејар а 0,18 од Клемон Ноел кој го освои третото место. Раководните луѓе и домаќините во Шамони минатиов викенд имале големи проблеми со високите температури и недостигот на снег.
Интересно во седмиот од вкупно 11 слаломи во Светскиот Куп најголема сензација направи Швајцарецот Јул кој во првата рунда имаше очајно возења а во второто ги шокираше сите.
Најголем скок на табелата досега низ историјата направил Норвежанецот Лукас Братен кој во 2022-ра година во Венген остварил победа и покрај тоа што после првата трка бил дури 29-ти во поредокот.
Следниот викенд на програмата се трки во слалом и велеслалом во Банско, Бугарија.
Звучи неверојатно и фактот што првите 1-2 места ги освоија Швајцарци и тоа само за вторпат во историјата на Светскиот Куп после 1978-ма кога двајца Швајцарци биле највисоко на подиумот.
Daniel Yule writes history with the biggest jump in the second run, soaring from 30th to the top of the podium! Unbelievable! In second, we have Loic Meillard claiming his first slalom podium of the season, and Clement Noel third. Congratulations!#fisalpine #ski #wintersport pic.twitter.com/9dwu8M5muv
— FIS Alpine (@fisalpine) February 4, 2024
PAZZESCO YULE! 🤯🤯🤯
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) February 4, 2024
Lo svizzero trova il primo successo stagionale vincendo lo slalom speciale di Chamonix: dopo la prima manche l'elvetico era 30°! ⛷️🏆🇫🇷#EurosportSCI | #FISAlpine | #Chamonix | #Yule pic.twitter.com/yjZ3QjoWMB
Thanks to the poor scarce snow in Chamonix and to the second run that makes the last starts first…
— Pinces de Crabe (@PincesDeCrabes) February 4, 2024