Ривер извади ново дете кое стана најмлад стрелец во историја

Во рамки од аргентинскиот Куп Ривер Плата играла против нисколигашот Ексурсионистас и славела 3-0. Ова било прилика тренерот Мартин Демикелис да проба некои помлади играчи, па шанса добил и 16-годишниот Франко Мастантуоно. Овој фудбалер е роден во август 2007-ма година, игра за Аргентина У-17 а влезе во клупската историја на Ривер како најмлад стрелец на гол на своето деби.

Со 16 години и 5 месеци Франко Мастантуоно го надмина легендарниот Хавиер Савиола кој постигнал гол на дебито за Ривер на 16 години и 10 месеци.

После мечот добил награда за играч на натпреварот:

 

 

8 февруари 2024 - 10:50