
Фасцинанто со Мики Ван Де Бен е тоа што е висок дури 192 сантиметри и што на таа висина е побрз од многу фантастично брзи фудбалери во атрактивната Премиер лига.
Минатата сезона во дресот на Волфсбург на еден меч развил брзина од 35,97 км/час што е уште побрзо од сегашниот рекорд во Премиер лига.
На второ место сега е Кајл Вокер кој на 14-ти мај 2023-та година на мечот Сити - Евертон развил брзина од 37,31 км/час. Трет е Чеидози Огбене од Лутон на мечот против Фулам на 16-ти септември 2023-та година кога истрчал 36,93 км/час.
Следат Педро Нето од Вулверхемптон, на средбата против Лутон на 23 септември 2023-та забрзал до 36,86 км/час. Доминик Собослаи од Ливерпул против Вулвс истрчал 36,76 км/час на 16 септември 2023-та. На листата најбрзи играчи во Премиер лига се уште и Дара О’Ши (Барнли, против Кристал Палас на 11-ти ноември 2023) со 36,73, Антонио Рудигер кога беше играч на Челси, на 29 декември 2021-ва против Брајтон со 36,72.
Бренан Џонсон од Нотингем Форест истрчал против Сити 36,70 на 18-ти февруари 2023-та. Ентони Гордон од Њукасл против Барнли на 30-ти септември 2023-та развил 36,8 км/ч а на Амаду Онана од Евертон против Ливерпул на 21-ви октомври 2023-та му измериле 36.65 км/час.